мати (несв.)
Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
А тоа „помалку нешто" беше интернирање во внатрешноста на царството: да не им мател вода по Мариово, да можат тие слободно да вршат што сакаат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јован ги мати сите од денеска за утре и си ја брка работата своја.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Човекот се смешка зајадливо и кисело, потоа се мати и распливнува во сивкава замреженост и пак е јасен и жолчен (чувството дека го загледуваат). Тој е во него, но тој не е друг туку Етхем-паша.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И во главата си пробива место, ги зафаќа и ги потиснува сите мисли, нездравата смисла за долг и чест, некое тешко бладање, кое ја мати здравата свест за реалното и можното.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
На Арса му е тешко. Светлината од ламбичката му се мати пред очите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Која ноќ е, која ноќ е?“ - копа во него мисла, го враќа во живот, во грижи од кои, чудно, веднаш го заболува главата, веднаш му се мати свеста.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Скрши глава - промрморе Бојан, налутен на ветрот кој му го матеше убавото расположение.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Јок сме ги бркале бравите, јок сме му ја газеле тревата, сме му ја мателе водата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Навлегува во тремот ги мати прозорците дворот го загушува пудејќи ги изненадените птици занесени во слатката прелага на сонцето.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Жените со истранети скутини, со турнати шамии, како што мателе маштеница.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Иди така водата откај Вендиовци, се мати, се пени, и сѐ под себе корне и понесува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Веќе ми се мати во главата, ме тера на повраќање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама, нам ни ја матат водата, ни ја враќаат назад.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Изутрината полковниците станаа со тешки глави: сè им се матеше пред очите; таванот во училишната просторија каде што спиеја, им се вртеше; во очите иглички ги боцкаа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Подбивниот, избрчкан глас на Сириецот грубо го влече кон студената пареа на крајбрежјето, скоро со болка ја сече мирната поврвнина на идеализираната визија: - Оној што го имаше каменот пред мене ја матеше мудроста со безумност.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ептен бев во небрано, јас и матев нешто околу јазикот, мене тоа ми беше професија, ама оваа директна атака врз мене, врз мојата концепција за животот, би рекол, не можев веднаш да ја сварам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Се матат работите одозгора.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Мене ќе ме обесите“, му викна тој на претседателот на судот Груица, „ама оној, главниот, ќе остане и по мене за да ви ги мати работите. Нема да куртулите од него“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А ти наеднаш ги отвораш очите и со онаа твоја детска насмевка велиш дека ти не си јагнето што му ја мати на волкот водата од поточето бидејќи си пиел подолу од него, а водата не се качувала угоре и дека не даваш да бидеш изеден. Умното сине на мајка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)