мачен (прид.)
Со одвратност од себе сонот го оттурна она, мислите црни ги гони; но пак ја обградија мачните слики од сонот ноќеска што ѝ се сони. Штом шушнува нешто - смуртеното чело го крева сигурно синот ѝ ќе е!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Седејки в хаос од мислите мачни во земјата очите беше ги впила, бидејќи сонила соништа мрачни: Потпорните греди од нивната куќа се ведат, паѓаат шумно во мракот.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Штом примолкна плачот, Албанецот, пак меѓу своите, продолжи повтор за него — „Не тажи го, жено, ти сина си Кузман, бидејќи господ во рајот го пратил; неизмерни сласти му нуди; и само плачејќи душата ти му ја матиш, бидејќи тој падна со своите, бранејќи ја со нив херојски земјата мачна, а не како злосторник кого Темида го гони, фрла во јамата мрачна, и не како здушен од наказ, ил' прогниет, гладен, не како удавен в браној, и не како жена што потајна болест ја јаде, — туку од јуначки рани . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Многупати татко му го скаруваше за дека се забавал в град и не идел да му помага во работата; арно ама Силјан беше фатил еден лош пат, тики ич не го слушаше татка си и мајка си, што ти велат вај, бај да не се настрви пес на касапница, да после мачно е да се одучи.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Културното работење е помачно од револуционерното, зашто првото е умствено, а второто повеќе физичко.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие ја составија во Бугарија основата на работењето во полза на Македонија. 117 „Гркоманите” во Белград од година во година се зголемуваа со нови „гркомани” и „бугаромани” но и едните и другите внатре во Србија мачно се преобрнуваа во „србомани”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А таквото многугодишно упорно работење е пополезно, помачно и поморално од револуционерното. Тоа е поразумно.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Пеш по светот поема Песна прва Греј, о мила месечино, сјајно, греј и огреј ми страден род, во мачна душа шепни му тајно за дните нови под златен свод.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Тешко е, мачно, страшно е туѓинец да си, гост да си, в својата земја таткова. Нација сме или не?
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Мачно газеше со искривените штикли по калливата дупчеста калдрма, се занесуваше натака и навака, се мачеше да не падне.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А да ви кажам веднаш, песната е еден мачен спомен на луѓето што живеат под Пелистер.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Годините и мачното селско минато ѝ ги замаглиле очите и затоа таа повеќе со срце го чувствува патот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ване олеснително воздивнува. Се куртули од тоа мачно слегување во подрумот.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
„Зар е можно да паднат и да пуштат корен опасните бацили токму тука?“ и полека и сигурно во мачниот тек на иследувањето се создава во него нешто како обврска, одговорност за нешто и некоја не сосем определена виновност, што се создава од самата службена потреба да се наѕира во душите, во мислите...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јасен е долгот на секој чесен човек. Зар е толку мачно да се сфати вистината?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го удри по лице светлата жица од прозорецот, од неа сега струеше жештина, а викотниците како да излегуваа од неа и се истураа во собата врели и мачни.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Го освојуваше секое од нив споро и мачно, а кога ќе го оставаше зад себе, имаше во градите толку здив и толку радост за да продолжи да му се приближува на следното.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Зад него остануваше онаа мачна, џвакана, ѓаволска трага и сѐ, што можеше да се стори, тоа беше да ја продолжува неа по бескрајната нагорничавост пред себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А после пак продолжуваше да ги прави оние свои мачни чекори, додека топорејќи му се со некое свое урнување врз него со сета нејзина тежина и недоодливост се надвиснуваше најпеколната мачна угорница на белиов свет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, ете, настапија тешки и мачни години, неплодни години и војни.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)