медалјон (м.)
И ги чуваш малите тајни како што се чува слика во медаљон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А на градите ѝ се преливаше голем златен медалјон.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Така и војската на Александар Македонски правела носејќи златни медалјони на гуша кога одела во походи...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
За да влезе во медалјонот, фотографијата ја исеков во круг.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Со некаков избледен ентузијазам, ќе покажеше со прст на ова или она парче старудија - порцелански затворач за шише, насликано капаче од скршена кутија за бурмут, медалјон со прамен коса од дете што веќе беше одамна мртво - никогаш не барајќи од Винстон да ги купи, само да им се восхитува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа беше една повисока степен во естетиката на живеењето на маказарчани - не просто бели ѕидови на одаите, туку шарени, некаде со ситни цветчиња, другаде со крупни медалјони, на трето место со фигури кои беа почисти во линиите, налик на геометриски.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Три зони во олтарната апсида. Овде имам архиереи, во архиволтата ликови со медалјони.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во џебовите му нашле едно портмоне, во кое имало медалјон со слика на Богородица, еден автобуски билет за две возења и дваесет и четири илјади марки во готово, како и дупликат од признаницата што морал да ја потпише во лотаријата, и тие пари не можел да ги има повеќе од една минута, веројатно и помалку, зашто камионот го прегазил на само педесет метри од канцеларијата на продавачот на лозови.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)