мераклија (м.)
Чув дека си варел тазе комовица... Ти знаеш, колку сум мераклија.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Јас сум мераклија на нешто убаво како што е Илија, на љубов! (Пее): Парите се, парите се, Парите се отепувачка; Љубовта е, љубовта е, Љубовта е најмила!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Јас на пари не сум мераклија, туку на човекот да е убав, како што е Илија, и на љубовта која си ја имаме (пее): Парите се, парите се, Парите се отепувачка; Љубовта е, љубовта е, Љубовта е најмила!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Рано е отелена, а изгледа теленцето е слатко, не може да а повлада, — се јавува Никола Косов, еден од многуте мераклии на убаво винце, поубава ракиичка и најубави невести, иако веќе стар.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Браче Илко мошне си е мераклиа на кубаски. Ете, и кубаски ќе му испржа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мераклиите, ги мазнеа ѕидовите на окопот или ги поткопуваа така што кога ќе почне да се пука телото на борецот што поудобно да легне во замислената положба за одбрана.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се случуваше во гробовите на побогатите луѓе или кај оние што биле мераклии за вино, та му ставиле во гробот да му се најдат на тој свет, - да се откопаат и по триесетина шишиња со вино, кое одлежано неколку години, имаше прекрасен вкус; шишињата се пиеја заеднички за душа на умрениот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Подоцна стриптизета или колгерла, стара муштерика или нова мераклика.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Дали си мераклија на собирање печурки, шумски јагоди и боровинки? А можеби си и неустрашив ловџија на кој му дошло преку глаа од тепање зајци, еребици и препелици.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Живко Чинго и Ристо Шишков одамна го знаат тоа и се обидуваат да си ги оладат душите со ладна бира, а на шеќер локум не се мераклии.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Офицерот, мајор бил, мераклија по жени и голем бекрија, им раскажуваше дедо на другите дедовци во селото.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но, далеку од факти, ваквите генерализации за геј- мажите биле обични заблуди – на пример, дека геј- мажите се модни зналци или познавачи на дизајнот, дека се мераклии да се облекуваат како жени.
Џон, вели, цел живот се борел против тие стереотипи и не сакал да гледа како сега нив ги поткрепуваат и високообразовни установи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)