меѓа (ж.)
Арно се сеќавам: меѓите со она село што го гледате зад блатово ни беа некаде тука; ако некому му се скршеше ралото стигаше неколку чекори да направи и да земе рало на заим од комшијата ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
- Прост човек, селанец. Мислел дека од меѓата сум му зел две бразди.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Куќата ѝ е темна и мрачна; сѐ што гледа наоколу ѝ е црно; во нејзината глава се створија меѓи на нивјето; половината овци, говеда, двата вола, едната маска, една куќа, па дури и бакарот, и вршниците ги виде разделени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Последната мера млеко веќе не се сири, ами се тура во качето за „сирната недела“, а чорбаџиите што наполниле и две-три качиња ќе сторат севте уште на св.Јован за да се покажат и пред гостите на Свети Атанас дојде ли Петковден, тоа е меѓата до кога ќаите ќе ги пасат ругарските овци и кога ќе им ги лачат на стопаните тие што останале преку летото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
После меѓата ако не му чини на некого, ти ќе си бараш работичка, ние ќе си бараме измеќар.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Полека, внимавајќи да не шушка со лисјата, Цепенко зачекори низ царевката и се добра до големиот густеж од капини испречен на самата меѓа - меѓу нивата и патот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во него има нешто болно што ја брише меѓата меѓу љубовта и омразата. Го жалам и го презирам овој човек.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Потоа стана, ја фати козата и покрај меѓата ја поведе дома.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А наблизу до детето, погоре, на меѓата, пасеше козата.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Го пресекоа патот што се протега кон езерото, влегоа во некои ливади во кои зацапаа во водје, се пикнаа во капињето на некоја меѓа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Одѕвереноста, недоодморени, ги истера од капињето на меѓата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Задоаѓал во полето стручен другар, на меѓите свет се збира да го види...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Од меѓата го виде бегот — Челебија што се вика овде — ги виде гавазите и надзирателите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе сето ова го глодаше од меѓата над конакот и ништо не му беше чудно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе слезе од високата меѓа и отиде право во крчмата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тргнав по полето долапот мој да го барам а најдов молк и тишина и стаписана шума ја нема зелената врвица ни меѓата ниту браздата стара место тревите троскот место класјето слама.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Во долот ни секна тропотот на водениците како да преврнал дожд како да папсал гром како да свенало цвеќето по меѓите.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Нема луѓе, вели, ни дрвја, ни меѓи, ни межници.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ах, што сум зет, си велам јас, знам инаку на кого да мавам, си велам, и гледам како се прпелкаат луѓето, ошевратени митокос крај меѓата, како кијаници коноп, излезени од под мелица.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)