меѓуножје (ср.)
Потоа нареди на десниот глужд на Ирис да се постави камера свртена нагоре, кон нејзиното меѓуножје, со образложение дека мора да постои врска меѓу срамните влакна на Ирис и влакната од брадата на мажот ѝ.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Една ноќ во која се разбудив а остатокот од сонот уште ме залажуваше дека Рајнер е крај мене на постелата, јас за првпат почувствував како заедно, како едно, ми чукаат срцето, утробата и меѓуножјето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Комисијата за избор ја интересираше формата на градите, нивната тврдост или мекост, нивната подигнатост или спуштеност, потоа должината и формата на брадавиците; должината на нозете од горниот дел на бутот до колената, и од колената до петиците, раздалеченоста на нозете во горниот дел на меѓуножјето (посебно беше важно дали има таму триаголниче за ѕиркање од другата страна, за ѕиркање однапред или одназад, сеедно).
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Рацете одамна не се секси приоритетни се градите, пирсаните папоци, депилираното меѓуножје, евентуално прстот во уста. (сигурно користел хендс фри оној што се запрашал каков е звукот на плесокот со една рака)
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Само тогаш. Ќе ми се навлажнат очиве и меѓуножјето. И ќе си кажам.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)