минато (ср.)

61. Авторот има предвид една јасна и достатно разработена национална програма на македонското движење во минатото, зашто тој самиот на друго место наведува некои многу важни пројави на македонската национална мисла кај претходниците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знаете, секи си има извесно минато...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Тогаш од селаните можете да ги чуете најубавите раскази и повести за тешкото и незаборавно минато, за сѐ што ги зближува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И чудно е неговото минато.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А кога во ноќта како пред огледало минатото се слее во иднината беспоштедно ме прогонат во мракот двете будни очи на вистината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И играта на сенките во чашите. Сликите на минатото во нив.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Виорите на минатото оставаа во него пустош и разголеност.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Судницата и сè во неа, минатото и патилата, се гламносуваат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие очи има издајнички сјај. Во нив се наѕираше едно минато.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како да е надгробен споменик на своето минато.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Заради што, за кого отров, кога не сум змија на камен да го оставам минатото како стара кошула? Не сум змија. Ни друго.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во неподвижниот негов разум не воскреснуваше ништо друго освен неговото минато и тој се иправи и седна крај прозорецот на крцкавиот кревет натопен со семожни мириси на грев.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И тврдините, црквите, манастирите и старите - дотраени куќи наоколу, обвиени и оживеани од бројните приказни и легенди за едно бурно минато, секој час раскриваа пред неговите очи нови облици - сѐ побогати и почудесни...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чао, другар брат, го сети минатото под грло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Климент се враќаше со своите мисли во минатото и пливаше по него, како среќен рибар, кој со полн чун риби вплива по езерските далечини...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чувствуваше темно чукање под превивките и следеше едно минато без грч на лицето: ти ќе си робијаш, синко, говореше татко му.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Спомените се тага. Секој спомен е тага. Минато кое боли...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пред сѐ - таа жена има сосема нездраво... минато. Потекнува од фамилија на наши политички непријатели - комунисти?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Ние сме пак истите. - Меѓу минатото и сегашноста се урнати мостовите - суморно рече Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Лишен од волја, од желби, празен и опустен, се влечкаше час во минатото час во сегашното.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе