мириса (несв.)
Ел - Тепе в облак надвишил чело, шумоли тивко низ гора лист, мирисат росни цвеќиња в долој, ромори поток ко солза чист...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Мирисаше на зрели, сочни лубеници. И на солзи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Светица - а мириса на лук. Безбожно плукнав.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
— Mope да знајш кој а набра, ќе а врлиш долни крај, и ќе бегаш далеку не да а мирисаш, оти може да те маѓепца, чупе!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Иии шо е киска, невесто! Каде а најде волку убава? — и ја зеде да ја разгледува и милува, мирисајќи го секое цветче поодделно.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ошче устата на млеко му мириса и ние сме и зажениле.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јас бев зелен вир на многу дни од штедрост сега молчам сосем жолто За старецот во мене не плачат и грубо ќе ме натрупаат в кола Но сепак едно сеќавање имам: корењето ми остана на брегот Брег од риби и од камење каде растат многу млади дни Трева бев ќе бидам трева пак затоа така чудно мирисам
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Скржавата селска ракија од див плод мириса на тврда земја и носи таговност, празна тага, брзо пијанство. беа наведнати над селска софра, со запалени грла од посна чорба.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Веќе не мирисаше на гнил зеленчук - воздухот беше ослободен од отров.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ме фатија многу подоцна, во оние облачни дни што мирисаат на презреани праски, на плод од еден редок јапонски нектарин.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Затоа мирисав на етар и затоа носев капки крв на своите чевли, секогаш кога се враќав од болницата, и ноќе и дење, секогаш со сладок умор во прстите врело стиснати во врели дланки.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пак мирисав на болница. Мирисав на смрт и на живот, на врвовите на моите чевли имаше понекогаш капка крв.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога татко им се врати однадвор им рече на домашните: - Мирисаше на снег. Сигурно утре ќе забели.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ноќта мирисаше на смола, шушкаше како онаа шума во која се враќаше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не пиев. Алкохолот мирисаше на мојот мртов пријател.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Месечината беше пред мена и, во својата последна полноглавост за тие летни мигови, го исчекуваше својот необичен познајник за весела игра од која собата мирисаше на пресно ископан гроб.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Нешто му мирисаше на убаво. Тој ја отвори рерната на електричниот шпорет, да види дали таму нешто не се пече.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
„Ги мириса“, помисли Славчо и потрча да го фати.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
НЕДА: (Да го прекине разговорот.) Мириса чудесно.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Арсо и Глигор ги втераа во соба што мирисаше на скорни и лој.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)