мислечки (прид.)
Тоа е нешто како чипот во компјутерот што е просто едно парче во кое нема ништо а сепак продуцира мисли, цифри, графикони, цртежи, со еден вид мислечки процес.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Таа недоверба сега можеме да ја поставиме во посоодветен контекст: се работи за недоверба на стариот, субјективно и линеарно мислечки човек, што е свесен за историјата, кон новиот, што доаѓа до израз во алтернативните светови, што не можеме да ги опфатиме со наследените категории, како што се „објективно“ стварно или „симулација“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Човекот како проект, тој формално мислечки системски аналитичар и синтетичар е уметник.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Шитскиот поредок веќе беше на повидок. Секое мислечко суштество требаше или да се затупи или да умре.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Во книгата „Кралот на мајмуните“, Бора Драшковиќ вели: „Човекот е дупло суштество и во него и двата лика, и мислечкиот и чувствителниот, се во спрега“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)