модем (м.)
Девеесеттите години се феномен за себе. Главна карактеристика е големиот подем на електронската комуникација, тнр. модемско и компјутерско поврзување.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Покрај сателитска, АДСЛ и таблет не знаевме точно што ќе ни е, ама вечерта снема струја од громовите изгоре модемот и блескаше од штекерите, па седејќи во темното се сетивме на транзисторот, и со радост го пуштивме.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)