моли (несв.)

Со нив моли се за нас, преподобен учител, што го прочитуваме твоето преславно успение во славата на Пресвета Троица, Таткото и Синот и Пресветиот Дух, сега и секогаш и во сите векови, АМИН!
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Ви се молим да ме не убиете бирден, ами да ме почекате, докад да си учиним душата моја теслим Богу.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Чесно молејќи се богу, одејќи пристигнаа се до планините стрмни, толку надиплени многу.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Скриениот може и султанот да му го бара, заплашувајќи со колеж. па макар по цена на крвта - не ќе му го дарат онега помош што молел...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Чунки сам знаеш ти стрико; те молам, стрико, ако е кабил, кажи ми како ти е името? ( „Името ми е, Силјане, му рекол домаќинот, Аџи Кљак-кљак, внучко!“)
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ви се молам, стричеле ако не ми кажеш од кај ме знаеш?“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Аман, оче дуовниче, те молам, земи ме и мене со тебе на аџилак, за да се сторам и јас еден аџија, да и да умрам да не жалам“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако овие барања сретнат отпор од некоја од пропагандите, тогаш да се моли турската влада и големите сили да се оддалечат од Македонија деморализирувачките пропаганди, да се востанови Охридската архиепископија, во рацете на која ќе премине црковно-училишното дело за сите христијански народности во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
МАНОИЛ: Тоа значи дека бурата наскоро ќе започне… Одете си, одете си, ве молам!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ти се молам, поведи го и Славчета во Белград, поблиску е од Америка...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ти се молам, немој да се видуваме. Грев е...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ТЕОДОС: (Му подава шамивче.) На, ти се молам, истреси...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: Ти се молам, Теодосе! Девојката мана си нема!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Гледам, денеска од изутрина ме потерало... Ти се молам, Арсене, види на плеќиве...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СОФРЕ: Ајде, не треба да ве молиме. Сами сме друг пат и пак си пееме, не пак сега што еве дојден шурава од Америка...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Кате, запали го ти огнот, а јас да го запалам кандилово пред иконава. (Го запалува кандилото пред икона и се моли).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ќе ве молам ако сакате да ми отворите да преспијам кај вас, утрина ќе си одам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Јас те молам попушти, оти самата чу со ушите твои кога кажа, дека ќе ја попрска куќава со гасие и ќе ја запали сосе нас.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ми дошла облечена во руво невестинско и ме моли да ја спасувам...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ќе помине извесно време и сама мајка ми ќе ме моли да си се вратам со Илија дома.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Повеќе