мрмори несв.
мрмор м.

мрмори (несв.)

Прво се тргна Мече и почна збунето да се брка по џебовите, мрморејќи нешто неразбрано, како да не знае кај ја ставил карта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мрмореше како да ги меле неповрзаните зборови: зошто го удирам, тој може да му каже на Баждара.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таман да ги помине овците, слушна под пат некакво мрморење: како од подземи да зборува човек. Уште толку се исплаши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мрморењето се повтори, потрети, и кога Крсте ги фрли очите во посока од каде што идеше гласот, уште малку што не падна од магарето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За неполни два три месеци ги научи напамет молитвите и, на големо чудо од отец Арсенија, почна и сам да ги мрмори во параклисот кога се крстеше и длабоко правеше по четириесет метании наутро и навечер без да се почине.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Верглата мрмори глуво и глуво мрмори Сена. Сликарот бавно стана и празен поглед крена.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Додека ги слушаше одговорите се муртеше, како да не одобрува нешто. Мрмореше и ја нишаше големата глава.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја прегрнува со големите рачишта подгрбавената старица и мрмори некоја благодарност.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А веќе и го слушна како тажно јачи и нешто мрмори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Окованите патем се плашеа и се радуваа. Одеа колку што им дозволуваа тешките пранги и си мрмореа тивко меѓу себе: – Сега ќе биде што ќе биде – ѝ велеше Јован на Сирма. – Ако те ослободи тебе султанот како жена, за мене да не жалиш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја крена главата кон небото и почна нешто да мрмори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе видиме... - мрмореше Џивџик препрочитувајќи ја пораката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ајде, побрзај, те молам! Ѝ рече продолжувајќи да си ја мрмори својата румба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тонеа заедно со нив во чад, крцкаво морморење и не видоа, иако, можеби, ќе им беше сеедно: Мирон липаше со забуцнати прсти в коса; неговите лути солзи имаа еден пат- се збираа на врв тапиот нос.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вечно смуртен, тој никогаш и со ништо не беше задоволен. И како ништо друго да не знаеше, освен само да мрмори и да се кара.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Притоа одвај забележливо мрмореше некаква румба, подигрувајќи во такт.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Опасна заблуда“ - мрмори претседателот, - што сте вие? Анархисти? Или обични разбојници...“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Знаеше со часови да се занесе во едни чудни размислувања за луѓето, понекогаш дури ги изговараше зборовите, што би имал да им ги рече ним, остануваше едно неразбирливо мрморење во неговата зазбивтаност, и тоа воопшто не ѝ пречеше на осојничавата тишина на шумата да си остане пак ненарушена и понорничава. Ниеднаш не престана да мрмори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега можеше да биде чуено и она нивно тивко, цвичливо скимтење, кое секој од нив го продолжуваше како некое само свое тивко мрморење, тоа се престоруваше во ужасно заканувачко 'ржнување само кога две од тие остри вретенести прилики ќе се судреа очи в очи, или кога ќе се разминеа само за еден мигновен чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Излегуваше последен од колата и пред него сите се потргнаа, правејќи му место и смешкајќи се кон него, а селаните, гледајќи го тој почит, се веднуваа и се оддалечуваа мрморејќи по нешто под мустаќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе