мудрува (несв.)
Ти помалку да мудруваш!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ни мудрувај, ниту се тревожи. Бидејќи ја знаеш повелбата на својата професија. Мораш да ја знаеш.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Избричи си ја брадата, - рече тој. - Што ти текна за брадата моја... - Глупава е... сите мудрувате...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не ни е нужно да мудруваме. Се ближи денот- ќе војуваме.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Добро, Пајо, возвратив со мисла. Ќе молчам и не ќе мудрувам веќе.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Како тазе Американец јас немам право на глас уште минимум четири- пет години, па дотогаш ми останува само кирилично да мудрувам и да солам памет на мајчиниот јазик.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Кастинско роднински „интелектуалци,“ или постсоцијалистичко атеистички чконтари кои во бившиот систем успеале навреме да земат КПЈ црвена книжица, денеска вешто укопани во трулиот партиски систем мудруваат и обесуваат на разноразни општествени области, а во приватниот живот не се ништо друго освен најобични муфљузи кои ги тепаат своите жени, имаат швалерки, а децата најчесто им се испуштени од руки во канџите на пороците.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Налетав на дузина интелектуалци мудруваа гласно ко кучиња чопор се јадосав, сакав да ги ишамарам сите сметав дека тука не припаѓам воопшто Од сите тие повраќаници гнасни почна да ми се превртува желудник блеев ко теле во ѕидови празни во салата не видов ниеден згоден задник Се чуствував како бескомпромисен лудак од тие бескорисни пијавици гадни со дебели задници фотељи што дупат одвратни џганови интелектуални Отидов до паркот и налетав на старци заљубени парови се шетаа често во паркот не видов интелектуалци го вратив спокојот и срцето на место
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Ги трошам дните бесполезно и мудрувам наоколу, сакајќи да оставам впечаток на паметна индивидуа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Те стега мислата? Не мудрувај. Батали. Паметот е потстанар кој доцни со киријата.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Сакаш да мудруваш, сакаш да судиш но не си ни судија, а ниту Бог ти си само еден бездарник валкан и мизерен душегрижник без душа Погледни ја бесрамнику својата вина погледни го трулежот од лагата во себе погледни ја душата што тоне во празнина проклето да биде твоето семе
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
И пак долго ќе се мудрува, баш тука, на плоштадот во Сиена, колку минатото постои во сегашноста и колку иднината ќе постои во минатото?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
- Море, ти таму немој многу да мудруваш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)