мудур (м.)
Останаа пак оние што го испратија мудурот да го дочекаат војводата Јован.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мудурот, мифетишот, ќатипот, мулазимот, даскалот Бино, Колобан, Суло колџијата и коџобашијата Трајко Лесната, слегоа од балконот на Влашкиот ан, откаде од високо денеска го гледаа орото, и, нога занога, сите џумле, влегоа во портата на коџобашијата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Ајде Бино, ајде Трајче, ајде да го станиме, зерем, ќе го фатит ноќот, а јас стар човек не ќе можам да слезам до конакот! — навалува стариот мудур.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мудурот не правеше разлика меѓу нив, кој зошто е затворен.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Еве, мудур ефенди, потпиша батакчијата! - рече трговецот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ги зеде уште кога беше учител во Солун. Потпиши ми за оправдание кај мудурот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Трговецот се поздрави со мудурот, длабоко се поклони и се качи на пајтонот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Затоа, ете, и мудурот од Витолишча му даде тричетворица заптии да го вардат да не му ги земе некој. — Толку сака да знам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Најпосле мудурот проговори! — Што мислиш, Сефко, по оваа работа?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Co овие утешенија го испрати Сефедин мудурот со една патрола во конакот, а сам ги обиколи сите стражарски места, па и Расим чауша и им стави до знаење дека ноќеска ќе има нешто — добро да се држат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете, на пример, ние не можеме да си ја објасниме оваа ваша поплака: „Во месец мај годинава владиката Дамаскин заедно со мудурот го затворил училиштето (се разбира, српското) во Велес и ги изгонил учениците.“
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тука беа и мудурот и мутесарифот, па дури и дервишкиот шеик Рушид-баба.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)