мустаќ (м.)

ТЕОДОС: (Пред огледало ги чисти мустаќите со четкиче.) Тји, бре мурдарлак! Ништо чисто не може да види човек.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Какви ти се тие мустаќи. бре мурдар!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Адет е, куме, да се удри мур на кумството. (Си ги брише со ракав мустаќите.) Адет е. (Го бацува в уста.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пак и мустаќине ги бричел, како сега овде в град, та ела познај го.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПАНДЕ: (откако си ги измива рацете вади шамија од појасот и си ги брише, а потоа и устата и мустаќите).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
АНЃЕЛЕ: Американска мода е да се бричат мустаќите. Пак, таму живеев!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Шепотеше низ жално обесени мустаќи. - Господ нека ни помогне.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Чисти се, бандо, инаку... Не најде збор со кој би ја завршил мислата и страшно мрдна со црните мустаќи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Старецот ја наполни чашката, ја истури некако рамно в грло и со дланка си ги избриша мустаќите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ќе се измие надве-натри, колку да се порасони, ќе ја заврти косата со еден дрвен чешел, ќе ја позамазни брадата и мустаќите — колку да не му влегуваат во устата, — и, ако не служи литургија, ќе си го наполни големото ѓезве кафе, ќе си го испие сам и ќе ја нарами торбата со „алатите".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Петко се поднасмеа под мустаќ и му вели: — Море, побратиме, жеден коњ матна вода не гледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Петко слуша, ги запланува рацете на пламенот, потшмркнува, ги брише седите мустаќи и кротко одговара: — Сполај му на господ, Ристе, здрави сме и живи на саатот, здраво живо од сете на кој пита кој праша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако сака со чашка да се напои, со една рака ги држи мустаќите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Која си ти? ја прашуваат и веќе ги сукаат мустаќите. Јас сум Наполинка! Смешно име, нели?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе биде, ќе биде, и внукот со мустаќи ќе се закити, но уште е рано, тој нема ни дваесет.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги испржалија и сејмените мустаќите, веѓите, клепките; ги запалија и алиштата, но свршија работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Напред колоната јаваше на зелен арапски коњ прилепскиот кадија и беглер-беј Арслан ефендија, средновечен човек на 40-45 години, строен Турчин, со одвај пробелени брада и коса, живи големи црни очи, долги засукани мустаќи, широко чело и плеќи, малку покус врат, добро угоен, богато облечен по ориенталски, со голем турбан на главата и сребрени пиштоли за појасот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Васко ќе се смири, ќе се загледа во дедовите мустаќи и ќе ги изостри ушите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Пламенот заигра со мрежестите шари и му го осветли долгунестото, збрчкано лице со ретките мустаќи свиснати надолу и слепени за сувите образи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе