набор (м.)
На Петрис уште повеќе му се собираат наборите на челото и му се кинат небаре бранчиња вода што се кинат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе ми ги одземе главата и мозокот и ќе го исполни секое око и секој заб и сите свиоци во умот, сета коса, секој набор на ушните школки и тогаш ништо веќе не ќе остане од мене.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тенкиот свилен фустан полн со набори, се вееше, се пафташе како на силен ветер, а ѝ се пафташе и опашката од косата и ѝ поигруваа обетките и огрлицата на гушата спуштена на широкото деколте на фустанот и браздичката меѓу дојките кои при силното вртење потскокнуваа како да сакаа да излетаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Таа мисла предизвикува набори, за одеднаш сѐ да се израмни како опруга.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Внатре сѐ е на свое место, утлеисано, штиркано, бес прашинка, без набор.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Прстите од едната рака ги пушти да ја допираат по наборите од блузата, а другата ја стави на нејзиниот грб шетајќи од горе до долу, неколкупати, чувствувајќи ги кревките чаталчиња на нејзините ’рбетни пршлени.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Вратот бел како снег, заедно со млечното раме и дел од левиот образ се набираа во болни, воспалени набори.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Се фаќа по предниот дел на главата, онаму каде што обично стоеше некоговото полно лице и прстите му лизгаат по мазна кожа на која нема набор, нема нос нема усни, нема очи... Макс Мертен нема лик.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Главата му беше навалена на една страна, гушката му се туткаше во безброј набори, а долната рилка, збувната и запечена, му се бесеше уште потешка, дека беше зинат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во последниот дел од вечерта како модели за најсвечени пригоди беа прикажани и тесни црни или темно лилави фустани кои многу јасно ја истакнуваат женската фигура, горе затворени со набор од копченца од страна, со косата собрана во завиткани локни на секоја страна и високо дигнат тесен шешир со две,три или четири машнички од страна.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)