навик (м.)

ТЕОДОС: (За тоа вреле и сам гледа насекаде по нив и каде ќе најде влакно или прашинка, чисти со подувнување или почесто со изопнување и исфрлање средниот прст закачен на палецот, што кај нега е постојана навика и автоматизиран гест.) Влакненце да не оставиш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не бев гладен, бев само алчен во својата контичка навика да носам секогаш нови долги панталони.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На чудесен начин сум ослободен од својата тежина, можеби сум веќе во некој друг свет без сомневања и без прастарата човекова навика со зло да го одржува животот на својата крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Навиката да носам секогаш нови долги панталони се закорени во мене како песочно зрно во школка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сашка ги стегна градите: дискретно, здржано се поклони. По навика, по инерција, - механички.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но без лутина во гласот. Туку така, колку да се викне. По навика.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас имам навик пред јадење да си пивнам чашка - две.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Очите по навика му се лепеа по сивите тантели од пајажината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некоја темна желба да се истури гневот, да се одбрани, по навика да се удри, нападне или убие, лудост која напнуваше до дебелите камени ѕидови, но, не можејќи да ги турне, се уништуваше самата себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Змејко скокна од својата постела уште во првиот миг штом се почувствува буден и по стара навика помина со обете дланки по рамената.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку што одеше погоре, таа навика му се вкоренуваше сѐ подлабоко во сите негови движења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа полека му мина во страст, во навика, па дедо му Димо, ценејќи ја и почитувајќи ја таа убава навика, се трудеше средната греда од таванот во тремот, секогаш да биде слободна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, според старата добра навика, примена од деда си, се спушти прво до поточето што гргореше на дваесетина чекори под колибата, од нејзината југоисточна страна, и десетина пати се плисна по лицето со студена вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По навика погледна во гредата над вратата, ги крена рацете, но не скокна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се беше свикнал со моето редовно добро учење и тоа прашање скоро го поставуваше по навика.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Полека тоа му станува навика, па и каде треба и каде не треба, лаже.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Една рака сме кренале над веѓите и, по навика, со дланката над очите правиме сеница. Го управуваме погледот пругоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не бев гладен, бев само алчен во својата контешка навика да носам секогаш нови долги панталони.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Претставниците на власта и партијата им се радуваа на новите припадници на работничката класа кои засекогаш се збогуваа со животот и со навиките во планините и кои сега, сигурно, ќе му зададат конечен удар на домашниот и на странскиот класен непријател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе