надлетува (несв.)
Сини птици надлетуваат врз доенчето во крошните во дворот Пеперутка со часови нешто ѝ шепти на розата и заспива крај неа.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Такви крикови доаѓаа само од жеравите кога, есење, го надлетуваа селото. Од селото ја изнесуваа Велика Мегленоска.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Еден француски авион ги надлетува окопите бугарски и исфрла ракети. Ни кажува кај се.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Птиците, по дневните жештини, ги напуштаат седелките и сенките, првнуваат од житјата, од тревите, од короните на дрвјата, и гласејќи се една на друга, почнуваат да го надлетуваат просторот над Потковицата, вршките на дрвјата, покривите на куќите; жабите се огласуваат од ендеците, вировите и блатата, некоја осамена ѕвезда заискрува на небото, и гората зашумува и ветар повејува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Триесет години пределот е невин, без допир: и птици само го надлетуваат.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Еднаш, кога се врати птицата во залезот, не го најде осамениот човек па долго надлетуваше над неговиот двор, прошета низ пирејот, и не можеше да го препознае човекот, цел живот што ја препишуваше земјата врз себе, ноќе што го препишуваше морето од птицата: тој стоеше потпрен, речиси – исправен пред својот дом, скаменет, спокоен - сам себеси син епитаф.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
После почнаа да нѐ надлетуваат Птиците. Летаат и пиштат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Хермоген: Како би можеле поинаку, Сократе? (Платон: „Кратил“) Натажената париска есенска влажност, со капки дожд, кои и кога не врне, се посеани на прозорецот; на симсот – секогаш неколку мокри, валкани гулаби треперат од студ, а над нив, стуткани, надлетуваат големата мајка, мразната птица од Сена, носејќи им во клунот парчиња магла, рѓосани цефки од речните лаѓи, гнојни шансони на умирачкиот гамен...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сето тоа ја надлетува сцената во вид на прекрасна голема бела птица, во непознат облик.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Надлетувајќи ја колата во која лежев неподвижен, гавранот и сега го повтори својот рефрен „опа-копа“.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тогаш се покажа еден чамец за спасување полн со деца со еден хеликоптер што го надлетуваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И јата птици само надлетуваат и грачат и сам си зашто и бог - господ кренал раце од себеси и заминал некаде бесповратно.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Таа многу често си го гледала синот (може ѝ се присторувало), како надлетува над манастирот, прелетува над нејзината глава и како нешто ѝ говори, ѝ довикува, но зборовите не можела да ги разбере, заради тупотот на нејзиното нажалено срце.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Однадвор Сарајот личеше на раскошна галија на два ката, со впечатлива фасада чиј двор го заплиснуваа далгите на морето, а стреите му ги надлетуваа морски галеби.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Повторно ѝ се радуваа мајсторите: казанџиите, налбатите, столарите, касапите, тенекеџиите, со умилност ја гледаа чираците, а ние децата одевме по неа и не слушавме крици од птици пред заминување, туку слушавме умилна песна што извиваше од нејзината уста, а од песната пркнуваа светулки и надлетуваа над бавчите, на Кафтан маало и исчезнуваа над лозјата на Кумлако и Мерите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Му се слоши кога на телевизија гледаше како хеликоптерите ги надлетуваат селата во кои тој никогаш дотогаш не бил.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Исчезнатиот облик, изгубениот човек
умот ти го надлетува
се вртиш занесено и неутешно
а сенката твоја се одразува толку блиску
што ти недостига растојание
да си пријдеш
крилјата да си ги собереш!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Честопати кога го надлетував Медитеранот во повеќегодишната мисија во Тунис се потсетував на мислите изречени од писателот- пилот Антуан Де Сент-Егзипери, прославениот автор на Малиот Принц, мисли жнеени во бескрајниот свет на тишината на ѕвездите, во неговите мисии како еден од првите воени пилоти.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа не сакаше да зборува за бебето, а тоа ја болеше зашто зборувањето за бебето не го правеше попроѕирен превезот на мрачнината што надлетуваше над него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А над неа остана, кружно да надлетува, црна голема птица.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)