накашла (св.)
ТЕОДОС: И отрувачка да ми дадат, да земам! (Ја зема цигарата, скришум го кине врвот и повлекува, се накашлува.) Тхи, тхи, тутун. Ѓубре, труе! ПЕТРИЈА: Малку е серт, куме.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Потоа, накашлувајќи се, ја отвори вратата и ме измерни зачудено.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кога завршив, селанецот се накашла и се исправи, седна на креветот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во таа Илкова мисла дедот Ристе се накашла и тој се тргна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дедото го крева шишето, дува силно во мустаќите, се накашлува.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се тресеа кога стражарот се накашлуваше пред вратата и чекаа да се отвори оваа за да ги изведат или тука да ги исколат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Значи, заминале, - си рече и се накашла. - Хм, да... Добро...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Кметот пак се накашла и повторно се сврте кон офицерот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Старецот стана, се накашла еднаш, двапати, промрморе едно неразбирливо „добра ноќ“ и си влезе во колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Толе ја изврши наредбата од Мустафа со задоволство и кога влезе во новата одаја се накашла трипати.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На второто и третото накашлување Толе се увери дека тоа дете е неговиот комшија во ќелијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Јас се накашлувам, за да се свртат, да ме видат луѓето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Наутро, дури не се накашла, душа во себе немам. Да не, нешто, не се разбуди.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Бидејќи неочекувано од учител станав проповедник, моите зборови многу го трогнаа народот, толку многу што ако за време додека се четеше евангелието од младиот поп Георги сите се накашлуваа како по договор (како во нездраво време) за време, пак, на мојата реч сите со задоволство слушаа и не само што запре накашлувањето, туку човек можеше да си помисли дека народот заборавил и да дише.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се накашлав. – еве, доаѓам – ми одговори топлиот глас некаде од другата страна на ѕидот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се накашлуваме, ги подвикуваме нивните имиња, ама никој да ни се оѕвие.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ние накашлај се, тие накашлај се, искашлај се.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се накашлав, голтнав, се решив да прашам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Чучук-Андреј со сомневање се накашла. „Знаеш дека било така, си им светел кога ги секле жените и децата?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)