накосо (прил.)
Ја отвора вратата и се врти накосо за да може да влезе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
В црква и на гробишта, вели, нов пат ќе води, пругоре низ сокакот Дамчески и Џокоски, а сите кои живеат во Дупка и на јужните падини на Станкоски Рид в црква и на гробишта ќе одат по нов пат, сами што ќе си го разгазат - одовде, накосо, над училишната и општинската ограда.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Станкоските и сите други кои живеат во Дупка, ако не сакаат да заобиколуваат толку многу, ќе мораат да си разгазат нов пат - овдека, над училишниот и општинскиот ѕид и накосо по падините на цел Станкоски Рид.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се молкнам вака накосо, со рамото напред.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги осети оздола кучињата и терачите, скршна настрана, излезе од трапот и зафати накосо да бега.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ана беше непредвидлива, седеше токму на седиштето крај прозорецот, таа веќе се наоѓаше таму кога јас влегов на станицата Етјен Марсел па кога некој Црнец ослободи едно седиште напред за кое како никој да не беше заинтересиран, па кога јас успеав да се провлечам со некој неодреден изговор меѓу колената на двајца патници што седеа на седиштата покрај ходникот, останав покрај Ана и, речиси едновремено, бидејќи влегов во метрото токму уште еднаш да ја одиграм играта, го побарав профилот на Маргарита во одблесокот на прозорското стакло, и помислив дека е убава, дека ми се допаѓа нејзината црна коса со како птичје крило што накосо ѝ паѓаше преку челото.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Го исклучував тонот и склопчена на каучот ги гледав Индијките како ги отвораат устите во облик на буквата О, ги збрчкуваат веѓите во облик на буквата V, се подигруваат со своите црни плетенки, ги камшикуваат Индијците со своите страсни погледи, забрзано дишејќи и гледајќи накосо, како зајаци.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Беревме печурки неотровни, дождот косеше накосо, палевме оган во заветнина, печевме колбаси неотровни.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Трепкаше со своите ситни очиња, јарешката брада, ги подигаше веѓите кои бегаа накосо и двете со различна боја.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Таа не зборуваше. Тргна накосо преку тревата, како да сака да се откачи од него, а потоа изгледаше како да се помирила со тоа дека е покрај неа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа препречена брана, брана накосо поставена, за да се одбрани од сето она што животот го носи, од бурната животна река, големата вода, која ако не се одбрани, човекот ќе го завлечка во лош правец.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Под тенките црти, накосо поставени веѓи, во очните отворени беа сместени малку подиспакнати црни очи како цреши, скоро секогаш ококорени, како да беа на штрек за набљудување на сѐ наоколу, ништо да не се пропуштело!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сакам да пружам чаршав на масата, а таа се накривила, цел двор пропаднал накосо, па и количката на малечкото се стркалала и отишла на крајот од дворот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не се тие лесни девојки“, ѝ рече кога се разделуваа, а таа знаеше дека следниот ден, во „комбинованата“ соба ќе бидат наредени, како по стар муслимански обичај, сите подароци, обесени на закачалки врз корнизот, за да може да ги покаже, како и букетите спакувани во целофан и наредени накосо на сите долапи во регалот, нормално без вода.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)