накрене св.

накрене (св.)

Се напи вода, иако не му се пиеше и кога ја накрена лејката, му падна в очи големата плоча над кладенец.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Цанул се згади, му се накренаа цревата, се стегна да не поврати,а кога дојдоа дома, ја натера Цанулица да ја измие устата со зач за да може да ја баци.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но наеднаш сонот му се зби. Му се затресе куќата како земјотрес да му ја сниша, како вулкан да избувна под неа или како да го накрена некој езерото на една страна и сета вода му се истури на куќата со силен тресок.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И Јон излегува, ги накренал ушите, не знам што му е. Мислам од сношти уште не му разминала лутината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Народот веќе живна, се накрена, се поткрепи. 91
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сркам, а оздола почнува да ми се бурбати, некој јазол да ми се заврзува, да ми се накрева.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се накрева некој звук што ја полни ќелијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целата утроба ми се накрева, што се вели, душа ќе извадам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вика така Парцалидис, го накрева гласот, мавта со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога го виде Китан шишето, како господа да го виде; накреваше на него, отпиваше забрзано и го жулкаше Анка по раката што се држеше за шипките; пиеше и сѐ така го жулкаше молчејќи како нем човек; лицето му блескаше од радост; од очите му избиваше некоја чудна светлина од задоволство, од радост, од огнот што му се распалуваше во него; отпиваше од шишето забрзано како човек прежеднет во пустиња.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Вангел Русјаков е сосема до неа, тие безмилосно навлегуваат во неговите очи, ете, да не е оваа шамата што ја накрена жена му, ако ја пружи раката ќе стигне до разделот, ама од пусти срам, а и поради тоа што таму од кај другиот ѕид ги должеа вратовите машките на Коста Ципата, се заврте на кај Милка, се сви околу неа како колак и чиниш веднаш продолжи да спие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Утрото се потплаши од вревата што се накрена, од трчаницата и викотниците, бидејќи сите тие расфрчкани купчиња од мажи жени дечиња баби и старчиња се собраа во едно клопче и клопчето се зафрчи како тркало на кај композицијата, бришејќи сѐ пред себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Цревата ѝ се наткреваат и пред да го стави залакот в уста, а често поради тие буричкања во стомакот, залакот го исфрла уште несоџвакан.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Планината што се накреваше од самата крајна југозападна страна Водно ја нарече Чана, може вистина е и водна планина, Чана рече уште дека многумина мажи од нивната зграда, од збегот, работеле таму.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дончо другата стомна ја накреваше само за да ја претури во себе онака седнат над сламарникот, веднаш по отворањето на очите и откако ќе се проѕевнеше, откако ќе си ги навлечеше кусите пантолони со прерамки врз голата снага, со цела франџола леб и голем комат сирење, излегуваше во дворот оставајќи си го гласот зад себе На ректа ки са мијам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Надвор шумеше реката, црцореа птиците, се валкаа драскотливо одвлечените гранки од бозелот, и звуците стануваа сѐ посилни, како да се наткреваше сводот небесен давајќи им простор и широчина, за да се чујат што посилно, како и болките на луѓето што се таеле, а наеднаш ќе се истушат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Едниот, дека не е намќор и накренат и дека е подготвен на милост; другиот никогаш да не заборави од каде произлегол и така да си ја најде мерата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Марко се свртува и гледа: разградено е лозјето, по меѓата расте млечка и ниска капина, малку погоре се накрева камењарот до подножјето на суриот рид, а над ридот одвај се мрежи бледната синевина на небото, во која секаква појарка мисла избледува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Феноменот коцкање е многу интересна тема. Стоиш така пред рулетот и ти се накрева сета енергија, почнувајќи од гениталната чакра.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)