накриво (прил.)
Првите дни машките фрлаа по некој и друг поглед во Нешка кога идеше со бацкови и Стојановци измиена, исчешлана, без прцле и цилувци, во ново кошулче, со ново гунче, подбрадена под гуша, но кога се виде дека ја вардат тројца, сите дечиња, и тие од I одделение па дури и од IV, не смееја да ѝ се опулат накриво, не пак да ја задеваат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нешто како накриво да ме разбра. И после си дадовме збор.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Рече дека го погледнало некако, накриво.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сум чул, вели, дека таму не смееш и накриво да го погледнеш кучето. Богами, ви велам, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но егзархијата, којашто вие уште од почетокот ја гледавте накриво, ви го попречи патот за емиграција, којашто вие ја експлоатирате уште од 1862 година па досега, по долго и горчливо искуство, ве прапозна кои сте и какви сте; а бугарскиот народ, кого вие го лажевте уште од почетокот на своето ослободување, ги одврати од вас очите откако ги одврати и своите надеж.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не сум ни шпион, ни друго, велам, и јас не знам што велам, не смееш накриво да ѝ проговориш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој само се ниша, постојано е лабаво застанат, накриво свртен.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нејзините огромни стакла се имаа подместено накриво, а дебелите усни ѝ беа суви и испукани.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Погодувате, тоа беше улица во едно сиромашно квартче, со накриво протегнати рушевини, со тела на куќи на кои пишуваше „куљар“ или „лимар“ на излижана и продупчена ламарина која ветерот може секој миг да ја подбутне.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
- Таа е моја крв и мене до ден-денес никој не смее накриво да ме погледне или не дај боже, да ми застане на пат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Двајцата седеле во последната клупа со другите родители во чевли со изедени потпетици, накриво, во народни носии, зашто тоа им било најново.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тогаш вас, кои ќе градите куќи, за лошо поставен камен, малку накриво или, пак, недај Боже, ќошот малку да е крив или ако под покривот ќе видат како се шмуга сонце, е тогаш, да знаете - ќе ве прогласат за народни непријатели и ќе кршите камен...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тие, казнетите, кои се осмелија послободно да се движат, народните непријатели, де, и јас, народниот одмаздник, се најдовме во една одаја, се гледаме накриво.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Офицерските шинели, Господе, како им стоеја!!! Капите накриво ставени, како им личеа!!!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)