налепи св.

налепи (св.)

ТЕОДОС: Тји, тји, господе, што е ова што налепив! (Уште се брише со шамивчето.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Плашливо се извлекуваше денот. На миризливите ископани ѕидови се налепуваше самрак.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како и секогаш што се случува во такви прилики, зборот тргна пребрзо, се затркала како по надолнина налепи на себе патем отпадоци и мириси и секакви погубности, се измени, отежна огрубен, темен, грдомазен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Секому беше јасно дека врската со Сталин во овој случај е апсурдна, но тогаш, ако се појавеше и Годо, имаше шанса да му налепат етикета.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Некои стигнаа и да налепат плакати, да подготват летоци, да испишат транспаренти со пароли, во прилог на козата со успешни цртежи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По ѕидовите од изгланцан мермер беа налепени наредби за Старечкиот дом бр. 2.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)