нападне (св.)
Во 1885 год. таа насилно беше присоединета кон Бугарија, поради што Србија ја нападна младата бугарска држава, но ја загуби војната, со што се создадоа нови околности за развитокот на националистичките пропаганди во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во втората половина на XII век, во времето на српскиот жупан Немања143 и бугарските царови Асеновци или Асановци, 144 Византија беше нападната од крстоносците и од разни други непријатели.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Сред грмежи страшни, сред пукање често, без смисла е дури командата бојна: „Отстапујте, момци, на сигурно место, нѐ напаѓа сила неизмерно бројна“.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Врз основа на тој договор Бугарите нападнаа на источниот дел на Балканскиот Полуостров, т.е. на Тракија а Србите на западниот, т.е. на сегашна Србија, Западна Бугарија и Македонија и малку по малку си ги разделија помеѓу нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
РИСТАЌИ: (се обидува да си ги ослободи рацете, потоа со очите им дава знак на Саветка и Антица да го нападнат Илија).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Додека другите војуваа, Еврејчето што беше прво нападнато некако успеа да го стресе од својот грб Петка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сепак го предупредив: - Не обидувај се да ме нападнеш. Ќе се каеш.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Застана пред мене со стиснати тупаници како да ќе ме нападне, со мака задржувајќи го солзите што му се нафатија по клепките. Ја стискаше со заби долната усна, очите му светкаа, беа однатре запалени.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Трајанка, а и другите, чувствувајќи ја неговата слабост, сега побавно му се приближуваа и тоа не како да доаѓаат на помирување, туку како да ќе го напаѓаат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но децата до онаа вечер кога Луман го нападна Мирчета ништо не забележуваа и не му велеа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Кога го напаѓаа него, се чувствуваа, вистина, повиновни, зашто не го послушаа советот на деда Гера.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
За тоа време волците ќе бидат далеку, безумно, готови да нападнат и самотен патник.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако те нападне некој голем гуштер да те бранам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Аха!, си рече во себе аџи Јане. „Значи, треба да се нападнат од сите страни за да се скршат. Ете тоа ми треба“.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој побрза да се стави на чело на својата голема ордија, која се готвеше да ја нападне австриската престолнина Виена.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Им ги кажа сите имиња на водачите на бунтот, а особено подвлече каде е слабата страна на отпорот – да се нападнат од сите четири страни: на Чебрен, на Светецот, откај Скочивир и Тиквешко.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Оној Исус не напаѓаше луѓе и само сакаше да запали куќа за да го изгори сотоната. „Курвино семе“, а само малку пред тоа држеше влажна крпа врз удреното око и, гледајќи се во напукнатото огледало на сивиот ѕид, мислеше на сѐ што мисли здрав човек.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Турците непрекинато напаѓаа. И востаничките редови почнаа да се разредуваат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој ќе биде нападнат, во тоа нема сомневање, зашто сака да умре заедно со смртта на злосторникот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Некоја темна желба да се истури гневот, да се одбрани, по навика да се удри, нападне или убие, лудост која напнуваше до дебелите камени ѕидови, но, не можејќи да ги турне, се уништуваше самата себе.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)