напред (прил.)
И у полношт ја собудила царицата девојката и ѝ рекла: „Иди, Марие, напред, и ја по сахат после ќе дојдем по тебе.“
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Погледот ровја му беше, а ударот гигантски задаван назад и напред — смрт за Албанецот грешен.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
– „Ах, јас сиромав, си рекол сам со себе, дали така ми било речено, наместо од прасе месо да јадам понапред, сега си јадам жаби; наместо јагули и риби напред што јадев во златниот град Прилеп по ладните меани, сега си јадам гуштерици и кауѓерици.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Се задале сватовите од под село да идат: нункото напред со ургулицата в рака, по него зетот и сите сватови, свирејќи со гајдата и фрлајќи пиштоли дошле во Божинови дворови.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ако, значи, го разгледаме тоа прашање, ние не се враќаме назад, а одиме напред, сознавајќи ја неговата важност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Исто така, ако не сакаме никакви реформи, можеме да ѝ послужиме и за напред.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со игнорирањето на ова прашање ние не правиме ни една стапка напред, зашто ако го игнорираме ние – тоа не го игнорираат сите, и мали и големи држави, освен Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
(Пред Јордановата куќа. Напред улица, во дното сокаче. Долу вратниче, горе два прозорци.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Напред десно плот, до плотот плиток бунар со камена ограда.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Никола и кандило, а некаде понатаму ламба, додека долу, напред стои ковчег за алишта.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
КОТЕ: А, хах!... Демек, сега детево твое, со господа напред, во Америка ќе оди?
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Долу, под нив, поредени покрај ѕидот ноќви, стар ковчег за алишта, куфер, јорган завртен со спаѓа, торба со леб, неколку стомни и едно ѓумче со вода и леѓен. Напред неколку троножни столчиња.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Во дното мала приземна куќичка, соѕидана од камен и покриена со камени плочи со напред врата и мал прозорец затворен со капак.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Лево, напред, врата, а во дното долап; меѓу прозорците огледало од горе малку спуштено и украсено со крпа со домашен вез во форма прозорец со расечена завеса и од горе на среде преврзан со корделка.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
На првиот кат, во должина од целата куќа, балкон напред ограден со железа извиени во форма па шарои.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Бегалците упорно чекореа напред, по прашниот друм, не смалувајќи ја никако брзината.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Напред одеше Беличот, а Мече послушно потрчкуваше по него за да не заостане.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Високите трски како ѕидови го затвораа од обете страни хоризонтот, само над нив високо и некаде длабоко напред се гледаше тесна лента сино прозрачно летно небо.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Се корнат буки, се рутат карпи; и искри летаат в рој! булдожер рие, компресор ечи Напред и напред, младинци наши, со горди чела за нови дела, во славен поход во трудов бој!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Баждар позастана и љубопитно се наведна напред, кон чиракот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)