настинат (прид.)
- Кха, кха, - кашла Зоки зад нејзиниот грб, преправајќи го гласот, и вели: - Слушаш ли, Мечето кашла! Настинато е!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
„Знам, ми рече таа. Но, болен е. Има треска. Вчеравечер цела ноќ не беше дома. Настинат е“.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ќе ги смукаат, ќе шмрчкаат, ко настинати и ќе ја фрлат лушпата, нескршена.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе ја прилепиш до грнето, вели, и тоа цел ден ќе врие, ќе поткашлува како стар човек, поднастинат, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во водурникавите очи на оној Адам Лесновец тивко живеела болест на вечно настинат човек - гледаш во него и не дишеш со мачен страв исчекувајќи да се распрсне и да остави на своето место жолта лочка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Јас сум ѝ велам без да го подигнам гласот да ме чуе и влегувам во кујната. Таа лежи. Настината.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ретко кога сум била волку настината, долготрајно со ангина и кивавица.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Настинатите го мешаат медот во чајчето Возрасните го мешаат шеќерот во кафето Домаќинките со миксерот подготвуваат колач Секретарките ја мешаат работата со задоволството
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Мислам дека сум настината“, рече и побрза да влезе во бањата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)