најсетне прил.

најсетне (прил.)

- Една куќа, свате, една куќа, на здравје... - радосно отпоздравуваше Карче, среќен што најсетне му се исполни големата мечта да може со најприкажаната охридска фамилија да се смета една куќа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најсетне сфаќа. Доцна. Премногу доцна. Но сфаќа: амбис без дно... Ужас.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најсетне запре на еден пепита штоф со црни точкици. Го купија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Девојчето ја гледаше десетдинарката со којшто тргнало да си купи бонбони, размислуваше, но најсетне ја подаде: „Дај ми ја, чичко, црвената!“ - рече.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Најсетне сите дрварчиња ги кренаа испотените чела и гласно извикаа: „Ги кутнавме сите десет стебла! Што да правиме сега?“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Долго препишуваше и најсетне обете олеснето здивнавме.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Значи, сè во животот најсетне ќе го потпише раката на смртта. Шетај и читај!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вели: „Најнапред му поливав под оревот да си ги измие рацете, потоа почнав да му поливам да си го измие и вратот, и најсетне, кога генералот се свлече до половина, пустата јас, и не ми требаше многу а да не забележам дека тој и не бил само генерал туку и мажиште“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И најсетне сфатив: седев во кафеаната „Зора”, а спроти мене седеше вистинската Дуда притоа со оној осет на неориентираност: како да почнува во овој момент да сфаќа дека пријателот од другата страна на масата всушност се враќа од некое долго патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Од такви, историски причини, ние и овде, кај Иле Битолчанчето одржуваме сеќидневни расправи за несреќните настани од минатото - се јави најсетне Овчарот и почна да изведува некаква пантомима, нешто како обраќање кон толпата што само тој ја гледаше, а Мајката и Чауле најпрвин се смееја, потоа одобруваа, и најсетне ракоплескаа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најсетне доаѓа и она моделирање на колачот. А и тоа му припаѓа нему. На авторот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Оние што не ги бев видела дотогаш; оние на кои не се имав сетено дека постоеле во сите денови на војната; и се разбира најсетне, оние што можат да потрајат и подолго од еднодневна употреба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Најсетне и Иван самиот сфати дека згрешил. Ми рече дека непотребно избрзал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се надеваше дека најсетне се нашол на вистинскиот пат и таквата размисла го исполни со оптимизам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ми помогна да сфатам дека се наоѓаме веќе во Пицеријата и дека најсетне можам да ја видам Ана како насмевната ни понудува во големите бели чинии барем дел од себеси.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Најсетне, се исправил на нозе и челикот од неговиот нож болснал на сонцето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Овде секој камен си ја носи својата мисла, времето е нагрнато со камена кошула, секој камен наследува камен, се крепи како камен додека најсетне не папса од толку многу помнење.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Му го читам изненадувањето, оти јас не бев на потег, а сака тоа, колку само сака да ми го рече, ама не дозволувам: ја вртам клепсидрата со видлива енергичност што значи потег и протест и најсетне и простотија и простор во кој има смисла да продолжи играта, граматиката на чутуранга во која бројот на играчите е ограничен на четворица, но се гледа тој е веќе триплициран и нужно е однапред да се договори редот, правилата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Татко ми вели - колку да веслаш кајче божилакон сѐ си бегал понатаму и најсетне згаснувал во езерските води!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)