невистинит (прид.)
Бидејќи сѐ, што се случуваше во таа ноќ, секогаш можеше да биде и привид, и сон, на тоа тераше сета онаа невистината светлина на одблесоците и на белите безбројни искрења на снегот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Снегот продолжуваше да ја губи дури и онаа своја скржава светлина, добивајќи некаква сосема невистинита испремешаност на сите темници, што постојат, а секој нов заграб со раката низ неговата сива ронливост ја правеше уште потупа болката под неговите нокти, носејќи му го ова незнајно глупо чувство за некакви прсти, зголемени колку полни вреќи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беа тоа едни сосема бели дрвја, имаа вклапнати ветки под тежината на перниците окит; мируваа невистинити дополу скриени во овнешкото руно на небото и само понекогаш, многу ретко, тие знаеја да дадат некаков знак на живот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во својство на управувач, членот на Внатрешната партија често треба да знае дека ова или она парче информација е невистинито и може често да биде свесен дека целата војна е лажна и дека или не се води, или се води за сосем други цели од прокламираните: но таквото знаење лесно се неутрализира со техниката на двомислата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Божиновски не потпаѓа на овој притисок и одлучно одбива да ја потпише изјавата – за која верува дека е класичен случај на уцена – со објаснување дека веќе води спор со компанијата, и дека таквата изјава би била целосно невистинита (т.н. лажна изјава).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таков беше почетокот, премногу добар, дури невистинит.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сум се заљубила во прекрасните изведби на тој човек, во нешто невистинито, а не во него каков што навистина е.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)