неврзан прид.

неврзан (прид.)

Со два неврзани збора се разбра дека, ете, сега Крсте е слободен, а Тода треба да му ја кандиса или да му ја „врте“ Нешка Рожденкина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Под мрак седеше во празна крчма, со празни луѓе, со празни разговори- матни и неврзани, пролокани до 'рбетот од пламенот на отровот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во тоа време девојките во ќошот на другиот кат ја прегрнуваа другарка си Анѓа, се бакнуваа и исплакуваа, радувајќи се за нејзината слобода, засипувајќи ја со разни неврзани прашања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Некои од младите мажи се обидоа да побегнат уште неврзани и паднаа од јатаганите и пиштолите на сејмените.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите Анадолци подивеа и почнаа да се дерат, да псујат, да зборуваат неврзани и неразбирливи зборови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почна да си шепоти сам за себе разни неврзани зборови: Најпосле го праша Крстета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во неврзан разговор се ближевме кон универзитетскиот град Дармштат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во неврзаниот разговор таа му раскажала на репортерот како умрел нејзиниот маж, што никогаш дотогаш не го направила.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И не само тоа, туку и кадарот е толку празен и неврзан што велам: „Е, ако тој е сѐ уште расположен - без разлика како е расположен - носете го низ кадарот во крупен план, но тоа негово расположение задржете го на екранот”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Оној ден што почнува со: „Каков срам и врз нив и врз мене, и врз нашата слобода, независна, неврзна држава...“ би можел да биде цитиран во целост, до крајот на пасусот, само да не е толку долг, а забелешката која следи: „се наведнаа, зедоа по една кисела слива, си ги закиселија непцата и скиселени исчезнаа“ се ретки примери на блескава иронија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Каков срам и врз нив и врз мене, и врз нашата слободна, независна, неврзана држава? Срам и позор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пред катедралата седна на една клупа на топлото сонце и остана таму под блажената животворна топлина, со затворени очи, целосен странец на сѐ околу себе, неврзан и необврзан кон ниту еден од туристите кои фотографираа, кон ниту еден од жителите на градот кои одеа некаде без брзање...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неврзан за месото на зората или за твојата густа крв тргнува кон своето небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ако човекот успее да ја достигне својата неврзаност со тие нешта, а во исто време да остане поврзан со природната околина во која живее, успеал да ја освои среќата, да го достигне нивото на највисоката вистина: постоење заради постоење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Има еден во кој што другарот Тито од страна на Сојузното собрание на СФРЈ е прогласен за доживотен претседател на нашата слободна & неврзана земја.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Димитрие почнува да свири во свирчето. Произведува атонални, неврзани звуци.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Амбасадорите на поголемите земји како на САД, Франција, Германија... неврзаните Индија, Египет, неумоливо беа на наша страна, повеќе се интересираа за внатрешната ситуација во Југославија отколку за нашата улога во движењето на неврзаните, самоуправното искуство...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Брзавме со Бешир кон Картагина. Палестинското прашање стануваше приоритетно за САД, Франција, неврзаните земји!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Впрочем информациите се очекуваа од овдешната амбасада, за главниот настан во светот, особено од пријателската и неврзана земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вработените имаа неврзана обврска да го оправдаат раководството, според која, да не било истото, Факултетот ќе паднел.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Повеќе