неизвршување ср.

неизвршување (ср.)

Зачудувачки се примерите, што ова, на прв поглед ништожно правило, ги нуди како последица на своето неизвршување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Севкупното сознание за мојата животна грешка, која ме доведе до слепа уличка, се состоеше, зачудно, токму во неизвршувањето никакви злосторства.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
 4 Со измените на одредбите кои ја регулираат наведената материја се прошири опфатот на одговорност за неизвршување судска одлука за враќање работник на работа и се внесоа некои технички подобрувања, коишто имаат за цел поефикасно спроведување на судските одлуки во овој домен.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Иако долги години формално е член и редовно плаќа членарина, тој никогаш непосредно и поактивно се нема вклучено во синдикални активности – со исклучок на едно учество во штрајк 60 организиран од СОНК (ја почитуваше одлуката на синдикатот и се солидаризираше со неговите колеги преку „бојкот“ т.е. неизвршување на работните задачи).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со измените на одредбите кои ја регулираат наведената материја се прошири опфатот на одговорност за неизвршување судска одлука за враќање работник на работа, а се внесоа и некои технички подобрувања – коишто имаат за цел поефикасно спроведување на судските одлуки во овој домен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ама подоцна, кога созреа, најпрвин во партизанските одреди на ЕЛАС, потоа во Егејската бригада, па служејќи во Југословенската народна армија, а потоа и во народната милиција, размислуваше, а размислувањето понекогаш беше рамно и на неизвршување на наредба...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)