неодгатлив (прид.)
Не ги сакав темните бои, ни бојата на крвта. Не. Го сакав само изгаснатото злато на класјата низ кои, кога лежиш на грб и испитуваш над себе, небото станува неодгатлива привлечан тајна. Драго небо.“
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А тоа негово прашање остана да виси без одговор и да го дебне со својата неодгатливост сета ноќ, исто како оној остар месец. Исто како оној мршар, долу, под него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не: Го сакав само изгаснатото злато на класјата низ кои, кога лежиш на грб и испитуваш над себе, небото станува неодгатлива привлечна тајна. Драго небо.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дваесет, триесет метри или повеќе, нимфите, дријадите и летните водоскоци бликнуваа угоре во неодгатливи хиероглифи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
“Curced spite”, пеколната досада на овој свет, и неодгатливата тајновитост на животот својот највисок израз го наоѓаат во лудилото и во изигрувањето на лудило. okno.mk 231
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Култ на беспризорноста, типично американски: тотална расположливост, проѕирност на сите функции во просторот, кој пак останува неодгатлив во своето ширење и кој може да биде совладан исклучиво од брзината.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Меѓутоа, тоа не беше човечки танц, туку танц на непостоењето; тие дури и не ги чувствуваа своите движења, потскокнувања и своето дивеење; но „нешто“ сепак танцуваше во нив; тоа беше нивното суштество: грутка непостоење, којашто тие на неодгатлив начин ја чувствуваа, неподвижен пискот на исчезнување, лешинска бескрајност; и сето „тоа“ хистерично се тресеше во нив, завивајќи и потскокнувајќи, вртејќи се околу себе и подигајќи ги рацете кон ништо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се работеше за патување од пред четириесетина години, од кое денес останале само куп зборови, премолчувани во различни времиња, задржани во сеќавањето, зборови-спомени во неодгатлив неред.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)