неоправдан (прид.)
Селото реагира спонтано, го поттикнуваат инстинктите, иако неговите на прв поглед нелогични и со ништо неоправдани реакции, нивната сомничавост и недоверба, потенцијално ја откриваат правата вистина за поривите кои ги поттикнуваат цивилизираните луѓе како Симон: добрите намери, благородноста, залагањето за општото добро и за повисоки вредности, подлежат на сомневање дека зад нив се крие суета, претенциозност, ароганција, користољубие, значи, исто така најниските, исконски пориви скриени под наслагите на научени форми на однесување и образование.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не поради опасноста од создавање правила што ќе нѐ разделуваат во нашето однесување во исхраната туку затоа зашто нејзината загриженост ја сметав за неоправдана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Љубопитен поглед низ клучалка ѕирка Звуци што ме потсетуваат на една дамнешна свирка Ренесанса и Барок во учебник со илустрации Птици и чкртаници разни гледам – опадната креативност душава ми ја дразни Празни зборови празна палета Пораз на мојата неоправдана суета Бог, мислев друга судба ми креира Но играм впрочем како што ми свират Си честитам – постигнав судбина на марионета 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Помеѓу новововедените основи се и следните: а) престанок на работниот однос поради констатирано неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; б) престанок на работниот однос поради одбивање на работникот да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; в) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец; г) одбивање да се јави или д) да заснова работен однос кај работодавец ако е упатен од Заводот за вработување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
е) договор за вработување деловни лица (т.н. менаџерски договор – чл. 54, ЗРО/05) – кај овој посебен договор, кој се очекува да се применува за т.н. работоводни органи, односно за директорските функции кај работодавачот, зачудува оставената законска можност за поинакво регулирање на меѓусебните права и обврски, меѓу другото и во делот на плаќањето, што остава простор за неоправдано привилегирана позиција на менаџерите во однос на другите вработени во истото трговско друштво – како, на пример, преку делењето превисоки „бонуси“ дури и во услови на загуба и лошо менаџирање, што, впрочем, беше случај и во високоразвиените западни земји за време на последната светска економска криза;
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Притоа, попапатно и неосетно, две од овие основи беа направени построги: должината на неоправданото изостанување од работа беше намалена од „три последователни работни дена, или пет работни дена со прекин во текот на една година“ само во „три последователни работни дена, со прекин, во текот на една година“; додека, пак, одредбата за внесување или употреба на алкохол и наркотички средства беше проширена со вклучување и на бидувањето под дејство на алкохол и наркотични средства, како основ за добивање строг отказ без отказен рок (чл. 2 и 4, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
По барање од странката судот може, со решение, да му наложи на вештакот да ги надомести трошоците што ги предизвикал со своето неоправдано недоаѓање или со неоправданото одбивање да врши вештачење (чл. 240, ст.1, 3-4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, правото на паричен надоместок, иако тој плаќал за тоа додека бил во работен однос (!?), не може да оствари невработено лице на кое работниот однос му престанал поради: (а) давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос, освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак; (б) спогодбено престанување на работниот однос; (в) остварува права од работен однос спротивно на закон; (г) престанок на работен однос по сила на закон, освен во случај на престанок на правното лице поради стечај; (д) неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; (ѓ) престанокот на работниот однос со отказ од страна на работодавецот за кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор и договор за работа; (е) одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; (ж) одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец во согласност со закон; (з) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец, што му се обезбедува во согласност со закон; (ѕ) губење на работната способност согласно со прописите за ПИО; (и) исполнување услови за остварување право на пензија (чл. 67, ЗВОСН – неофицијален ПТ). 107
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Народниот правобранител презема дејствија и мерки за заштита од неоправдано одолжување на судските постапки или несовесно и неодговорно вршење на работите на судските служби, неповредувајќи ги принципите на самостојност и независност на судската власт.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во делот на утврдената социјална помош дојде до измена кај корисниците на социјална парична помош кои неоправдано ќе одбијат работно ангажирање, кои по ново ќе се сметаат за членови на домаќинството при пресметување на вкупните приходи на домаќинството, а останува забраната на користење на правото на социјална парична помош во наредните 12 месеци. (чл. 8 од ЗИДЗСЗ/март.11).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)