непосветен (прид.)
Таа вечер во уште непосветената црква гореше светло. Молчејќи се доближивме до вратата и ѕирнавме.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Притоа одредуваа еден од делениците, тоа најчесто бидуваше најмладиот од браќата, кој да биде непосветен од Организацијата и кој да се грижи за доброто на сиот сој.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Според мислењето на алхемичарите, завесата е непроѕирна само за непосветените.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
МАРИЈА: Сега попе. Ајде. Да не останеме неосветени.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Мало беше на прв поглед тоа поприште, штуро за непосветените, - шеесет и четири црно-бели полиња на една плоча што можеш да ја носиш под мишка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)