непретпазлив (прид.)
Во расправијата, зошто Максим не попуштил, велел Ако постапиме така егзархот може да нѐ изигра, некој, непретпазлив, му рекол Ти да не ја крепиш грчката страна, нешто што многу го налутило Максима па тој ги набркал гостите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тогаш и Марко, повторно власт и повторно непретпазлив, почувствува иста таква тупаница. Попот враќаше.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сериозна непретпазливост беше тоа што воопшто се врати тука, откако го купи дневникот и без да знае дали на сопственикот на дуќанот може да му се верува. Па сепак...
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Воодушевувањето траеше околу пет секунди и го направи непретпазлив и тој зачекори на тротоарот без претходно да ѕирне барем низ прозорецот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)