неразбирање (ср.)
88. Тоа платонско и само платонско и евтино сочувство кон Македонците, тоа неразбирање на националните интереси, тоа отсуство на национални идеали и таа жед за популарност со приврзаност кон социјализмот е одраз на духовната состојба на бугарскиот народ и неговото општество.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Какво неразбирање! Мудроста да не се очајува што не можат секогаш да се ускладат желбите со можностите - таа ја изедначува со бедата на христијанското помирување...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Харнад: Хејс сака да го дисквалификува Серловото сведоштво за неразбирањето кинески затоа што Серл не е соодветно имплементирање (додека не затапи и не биде преземен од Силата како нуспроизвод на придвижувањето).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Rychlack изведува заклучок дека тие мораат (да прават претпоставки), откривајќи го на тој начин своето неразбирање за односот меѓу софтверот и хардверот.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Во психоанализата е присутна силна редукција на тајната, големо неразбирање на знаковите и симптомите, сѐ се сведува на она што Лоренс го нарече „мала нечиста тајна”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сепак, сметам дека треба да се одбележи дека помеѓу Витгенштајновите разлози за спротиставување на интенционалистичкото објаснување, се наоѓаат и извесни поенти кои можат да се јават единствено како резултат на неразбирањето на она што тоа го носи во себе.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Пред перформансот повеќе зачудено отколку разочарано се најдовме очи во очи со два крекача чие вонземјанско неразбирање толку нѐ трогна што бевме среќни што првобитната идеја не беше можно да се реализира. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 23
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Поставувајќи го ова прашање како (моја) констатација, се поставува ситуацијата на „неразбирање“, „ненавлегување“ во суштината на системот на СОЗДАВАЧОТ, во создавањето на песната.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Емплфорт излезе меѓу стражарите од собата, со лице на кое се гледаше неодредена вознемиреност, но и неразбирање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога таа се намурти во неразбирање, ѝ објасни дека и книги се даваат на заем и дека таму тој е само помошник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
-Причината за тагата, е човечка замисла: неразбирањето на фактите кои водат до неможноста за остварување на зацртаната замисла.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Веднаш го забележа. Застана и го погледна со поглед во кој имаше жал, збунетост и неразбирање за случувањата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Зборовите: општество и пролетерска револуција тешко ги разбираше, ама се чини дека токмy во тоа неразбирање и несфаќање се криеше некаква таинствена моќ од која извираше убедувањето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)