нерамен прид.

нерамен (прид.)

Но борбата нерамна беше, и - како што бива - дадоа и тие жртви.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тој народ, којшто е првата последната причина за сите наши несреќи, со своите глупави постапки нѐ наведе во една нерамна борба со Турците во најрешавачкиот момент нѐ остави на произвол на судбината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
62. Други нѐ разделија и создадоа од нас и Бугарите различен живот, разни потребности, нерамна положба. Други и не ни даваат да се соединиме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу два реда сиви и нерамни куќи пијано расфрлени лево и десно од улицата почнуваше театар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На нерамната, проредна турска калдрма лежеше долгонот човек во широка облека закрпена на колениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Човекот ја стисна долната усна со предните нерамни заби и се поткрена на лакот, нејасно надевајќи се на нешто.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Двајцата чекорат по нерамната калдрма и молчат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја качивме со мака на магарето. Патот надолу е нерамен и дупчест, па магарето како клацкалица ниша со главата и се тетерави под тежината на претешкиот товар.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И ќе го видиш на брзина и од далеку. Како на нерамна вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ние, стотици деца, застанавме крај оградата и, држејќи се за сребрестата жица со остри боцки, го слушавме пробивниот и писклив ту покорен, ту испрекинат, жалосен и молбен глас па Ѓорѓи и бавното суво и едностојно клопотење на тркалата и коњските копита по нерамната калдрма.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
10 ЛУЃЕТО како сенки излегуваат од бараките и во долги нерамни редици се редат пред трите казани.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не само што не можат тројца мажи, колку и да се тие силни, да ја качат бомбата на воловска кола, рекоа, туку таа, зашто патот до Црн Камен и оттаму до Прилеп е нерамен, полн дупки, при најмал потрес може да експлодира па да ги убие и луѓето и воловите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Коњот со мака ја теглеше колата по нерамното џаде и наближуваше кон селото; фрчеше со носот, се потеше од жештина и од теглењето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Вртиме по некој нерамен и непознат пат и сѐ наоколу ни е непознато.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги пуштам алиштата, едно по едно, и гледам во нерамната земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можев да се здржам да не залипам во тој свој прв ден на понижената машкост и ги слизгав прстите на десната рака по нерамниот ѕид барајќи нешто тешко и силно за одмазда но тој веќе одеше назадечки кон вратата и пушташе да му се издолжуваат забите во отворената уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Предолгите нерамни и скоро кучешки заби диво се разголуваа под слабата селанска светлост што ни на ноќта ѝ се предава ни ноќ совладува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе