нервира (несв.)
ДЕПА: (се нервира). Не е молзена ами како! Кажувај пак да бегаме.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Китките од шарената узда му паѓаа над очи и мошне го нервираа, но знаеше што носи на себе, та не се осмелуваше да прави што сака Свиленото сеџаде светеше врз седлото, а златните пулејќи на уздата ласкаа на есенското сонце.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Суљо почна да раскажува надолго и нашироко, а Великиот везир почна да се нервира од долгото раскажување, но гледајќи го заинтересиран султанот, и тој внимателно слушаше: – Ете така Падишаху.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Не, се нервира Никола, со визиткарта ќе му одговориме...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Зошто не спие, се нервираше. И се покриваше преку глава.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Таа пак: Не, пукнат е лустерот!... Тој се нервира: Запри, те молам...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Две недели веќе ги собира и проверува податоците, се нервира, се смее и заплашува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тоа го нервираше и промрморе како за себе: - Праведна казна!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ќе стивне и вревата во училниците и ходникот што често нервираше...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Автобусот навистина се расипа, а работниците излегоа на улицата и застанаа да чекаат друг автобус, нервирајќи се дека ќе закаснат на работа.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Никогаш не сум била толку неспретна како тие први денови: сѐ нешто ќе скршев, немаше да направам како што треба и поради тоа уште повеќе се нервирав и станував сѐ полоша.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тој почна да се нервира и верувам дека наскоро ќе ме испади, и тоа со лоша карактеристика.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тоа го нервираше Мил и постојано го тераше да ја употребува десната, да се служи и со неа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ме нервира сѐ.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Уште повеќе ме нервира Марио.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред излегување, како и секој пат, малку се поткараа зошто мајка ми бавно се подготвува, а татко ми многу брзо, па облечен ја чека кај лифтот и се нервира.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Мамо! - вриснав јас, - немој да ни умираш, ние те сакаме, никогаш веќе нема да те нервираме!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Не ќе имаше кој да ме нервира.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тоа, изгледа, го лути, го нервира, и од инает се врти и опашката си ја гризе.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Изгуби концентрација и желба за учење, сѐ што ќе прочиташе не запеметуваше; чувствуваше главоболки; ја нервираа викањата и гласовите на децата во паркот, ја нервираше секој шум.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)