несоница ж.

несоница (ж.)

Кога лежеше сам, напнат од несоница и загледан во вжарениот врв од цигарата, не ѝ веруваше, патеше, можеби не зашто не можеше без неа и не зашто можеше да ја засака повеќе од првата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Престануваше да се брани од комарци и се притајуваше, беше изморен од нејзината несоница и ненаситност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
5. Една најобична и безбојна светлосна нишка, еден танок и бел месечев конец предизвика неочекувано ПОБУНА ВО НОЈОВИОТ КОВЧЕГ Тоа почна како да нараснува црн влакнест облак, почна заради несоницата на жителот број 6, почна несфатливо некако околу полноќ, отпрвин без шум и без движење, полека за да прерасне од ситен и упорен дожд во проклет порој...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Медот ми помага во сѐ, велеше учителот, ме трезни кога сум опијанет, ме лечи од несоница, ме брани од лоши соништа, од тешко главоболие, од лудило.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Каде ме водите далеку од мене во буднава несоница.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А зборот тежи како боска во глува несоница.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
- Ме мачи несоницата, вели Мирче и ме мачи... не е за кажување, вели. - Ако кажеш може не ќе те мачи, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зашто, несоницата, велеше, е последица на тоа што со појавата на чадот се смали поранешната количина на сулфур во воздухот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дури ноќта, несоницата со цвилежот на запалената кучка те тера да ги протеруваш нечесните демони од себе, да се тресеш од лазењето на инсектите по жилите, да завиваш под јорганот, додека на стотина метри од твојот кревет, гледачите пред провинцискиот театар, уредно наредени во семејни кругови, чекаат да ги подадат билетите за вечерашната премиера.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
1. Сонувавме заедно бескрајни предели и соници и несоници и возможности и невозможности. Кога се будевме сеедно дали тоа беше утро или пладне излегувавме пред езерскиот шир да ја пронајдеме светлината.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Дојди ми убавино и раскомоти се. Денов со крилја да го завечериме, почетокот на зората да го означиме, несоницата да си ја оправдаме.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во некои случаи е можно дрогата да индуцира напади на паника, несоница, депресија и бидејќи го зголемува пулсот и крвниот притисок, луѓе кои се осетливи на овие ефекти, сериозно можат да се разболат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мечките нека си ја проѕеваат својата летна несоница, на пчелите нека им ги поттурат теглите, на Караџица нека ѝ ги исполнат желбите!
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ако сте употребувале хероин подолго време и нагло сте престанале се појавуваат кризи кои се манифестираат со потење, истоштеност, несоница, течење на носот и повраќање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Апетитот на несоницата Црни птици на црната заднина – се насетуваат.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Негативни искуства: може да предизвика несоница, кај сензитивните луѓе раздразливост, ждригање и да го вознемири стомакот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Започна да пати и од несоница: шеташе ноќе по терасите, по дворот, земаше апчиња за спиење, но зголемувајќи ја постојано дозата, апчињата почнаа постепено да не дејствуваат, стана имуна.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По неговото заминување, нејзе повторно ѝ се поврати главоболката, нервозата, несоницата и одново полнејќи се со јад и гнев, фрлаше искри од очите, крикаше како птица грабливка, се загалцнуваше на пола збор од лутина и сѐ повеќе го повраќаше поранешниот изглед и држење облекувајќи се во панталоните и чизмите, во елечето од кучешка кожа и плускајќи со камшикот и сѐ повеќе стануваше несреќна и зла.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сѐ заради таа пуста несоница по тебе во која самиот се откривам и во која душата ми е голема пустина чие име на ниедна карта не е забележано.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Несоницата е... Несоницата е исплукан нокт, мрсул под маса, првут од триење, чешање до болка – болка од мислење.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Повеќе