несфатлив прид.

несфатлив (прид.)

Кабаницата со биковска врелина и готовност да распарчи секаков отпор под копита, да распне сѐ на рогови, да се забуца до врелина во врелина, ѝ пријде несфатливо брзо и ја прегрна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
5. Една најобична и безбојна светлосна нишка, еден танок и бел месечев конец предизвика неочекувано ПОБУНА ВО НОЈОВИОТ КОВЧЕГ Тоа почна како да нараснува црн влакнест облак, почна заради несоницата на жителот број 6, почна несфатливо некако околу полноќ, отпрвин без шум и без движење, полека за да прерасне од ситен и упорен дожд во проклет порој...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Одненадеж ова возбудено клопче се одмота, се затегна и се заплетка во несфатливо буричкање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој пак се затвора во својот свет, полн со мисли и некакви несфатливи светлини од коишто сета негова душа празнично грее.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Она, што се случи со него и со волкот, не можеше да не го потсети на сето друго, што се случуваше околу него, од сите негови страни, и сега, наеднаш тој веќе беше свесен што можеа да значат и сите оние несфатливи прострелкувања на вртенестите прилики, што сновеа и пресновуваа сето време по сивината меѓу стеблата на самиот раб од неговото сознание.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој ден во градот почнаа да се случуваат најневозможни, просто несфатливи нешта: наеднаш цела една петокатница блесна како илјадници невидливи молери да ја премачкале за секунд со сончева боја; наеднаш една липа се претвори во златно дрво, чии лисја место да шушкаат нишани од ветрот, почнаа да ѕвонат; наеднаш железната ограда на мостот стана златна, а еден минувач изненаден од тоа, падна во реката...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Братучедите, прво, за секој случај, се сачеа сѐ понастрана додека не сфатија дека во ова несфатливо сновање може да се случи да ги разделат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Несфатливо како, но тие ги читаат мислите на своите деца и чувствата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа царее штама, несфатлива во споредба со сѐ ова што овде се случувало во предпладневните часови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дали несреќата е само за да се разбере среќата, мајката, дали доброто е несфатливо без злото?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А просто ми е незамисливо и несфатливо како е можно тоа, децата што по својот карактер, по својата животна радост се слични на птиците, да им бидат непријатели на овие убави суштества.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Премореноста и бавноста несфатливо ја развлекле далечината од Лесново до Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Едното око, нешто понабабрено отколку кај жив човек, застрашувачки гледало во пламенот на нивниот факел, устата се доискривувала како пред несфатлива смеа, чиниш пред тоа тој итречки му се доверил некому дека ги измамил противниците со тоа што се исправил во прозорецот кон блесокот на нивните пушки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Несфатливо нечујна, наеднаш поинаква отколку што можело да се замисли, клекнала до него и му ги забуцала прстите в коса.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше потребно да се измисли несреќа со висечки мост за филмот “The falls” и така беше пронајден Силниот Непознат Настан - скратено СНН - за да можат деветнаесет милиони личности да се бутнат во една ненадејна, далекусежна и несфатлива катастрофа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така секој составен дел на работата е потполно искористен, па линеарноста експлодира и се ослободува за да може динамично да функционира во создавањето на повеќедимензионалноста внатре во самиот елемент, што ја одржува несфатливата бесконечност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пред каков било обид за објаснување, мораме да промислиме уште едно зајакнување на таа несфатлива постапка во египетскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој навалува да го совлада несфатливиот отпор што му го пружа нејзиното лице.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Расправајќи за науката тој забележува, „Општо прифатените претпоставки се... сосема зачудувачки и несфатливи предрасуди.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Повеќе