неурамнотежен (прид.)
Блед и задишан, тој нервно го стегаше белото парче хартија и тешко изговараше неурамнотежени и нејасни зборови.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Многу недели подоцна , кога ме сместија во Установата за душевно неурамнотежените, и кога му раскажав на човекот од бараката број три за прогонот на Непознатиот на Слатински ливади тој постојано ме подучуваше дека требало да се поднаведнам во моментот кога ме престигнувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Необјаснива неурамнотеженост ја движи мојата душа, кон некоја чудна светло деструктивна точка.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Азија, неурамнотежена.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Други денови, потполна депресивност и неурамнотежени колективни односи.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)