ниеднаш прил.

ниеднаш (прил.)

Иако не беше седнат уште ниеднаш со мајсторите на скелето да ѕида, тој го имаше така научено мајсторскиот занает што немаше работа којашто сам не би можел да ја сврши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Откако е затворен овде, ниеднаш не беше викнат за што и да било кај управителот на затворот. Заборавен, да.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, сепак, тој ниеднаш не помисли дека ја има толку малку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги барал и секогаш останувал сам, задругата му одзеде само една година од тоа, но тој уште ниеднаш не ги имаше побарано нив како сега.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, тој ниеднаш не ги пушти да му се изгубат, не пропушти ниедно нивно нишкање, ниедно просенување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не се случи ниеднаш да замавне напразно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ама, ниеднаш не ме потплаши.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во сето тоа и во што не друго жените навистина генијално се снаоѓаат, но нема итрина со која таа мажот ќе го спречи да истече; уште од нејзината спарнина неговиот пенис ќе ја почуствува во предворјето, меѓу нејзините нозе, пред да ѝ го доставил, уште не брцнат целиот внатре, уште ниеднаш не повлечен наназад за да ѝ го втера пак и да почне да ѝ го напумпува и испумпува она задоволство што доаѓа од сѐ подлабоко и подлабоко од телото додека не почне да се црпи од капиларите на кожата по целото нејзино тело.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На неколкупати сакаше да ги потпре своите гради на човекот во сина облека и да се истурка, но ниеднаш не се осмели да го стори тоа зашто овој често со својот студен поглед го опоменуваше.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сфаќам дека ниеднаш директно не го прашав каков е неговиот личен став кон Екстази.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А за онаа, западната, ништо не се знаеше, оти ниеднаш вратата нејзина не беше отворена од онаа ноќ кога отец Мида, неколку часа пред да се упокои, го внесол во неа умножението на записот и ја заклучил клучалницата нејзина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги отчукав на една стара машина за пишување во училиштето, ги подврзав во картонска корица, ги насловив како Енигма, напишав посвета: „На девојката со коси очи“, на првата страница го оставив мојот телефонски број (Луција ниеднаш не го побара за три години) и ѝ ја испратив по една другарка на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И двајцата не веруваа во чудеса, зато што усрдно го призиваа Бога, а тој ниеднаш не им се јави; ги учеа семинаристите на чудесата на пресвета Богородица, но сами не веруваа во нив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Домарот, стрплив како цел век да скокал по карпи, а ниеднаш да не исчашил глужд, милозлив како повеќе да другарувал со светци одошто се среќавал со крадци, без збор се врати со другата врвца клучеви и отклучи една ќелија во конакот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Далечинскиот управувач работеше како ниеднаш да не бил разглобен.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)