ниже несв.

ниже (несв.)

Песни се нижат од гласој - што не ги чул досега смртник . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во тоа време сите куќни луѓе биле по работа в поле, само Босилка била дома и како што си го низала ѓерданчето, го оставила на ругузина па станала да ги види в куќа свињите, нешто пакост да не сторат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Бидејќи сестра му од Силјана била свршена, си седела во двор на ругузина и си низала едно ѓерданче од стари рупчиња.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Знам оти ѓердан веќе не нижеш, знам оти чеиз и ти не везеш, знам, Вело, пусто остана сичко - не ли си и ти аргатка клета?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Не ме колни, не ме жали! Не ми нижи низа клетви!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Тутуни садиш, тутуни нижеш, тутун таговно у монопол редиш, ме споменуваш и ем си жалиш денови - крепи тешки си редиш — Величко, мори, другачко златна!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Што е право, отпрво не ме бендиса, ама после, кога почна да говори за Илија... (Селман-ага пее под прозорецот на Антица): Антице, мори бела кадано, Идеш ли ќа се посвршиш: Бела ханума ќа бидеш, На меко диван ќа седиш, Жолти флорини ќа нижеш, На твое бело грло ќа редиш?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Гори младост... Дни се нижат в страшна гладост.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
И уште колку, колку пред мене се нижат, ме чинат да летнам, ко сокол да прхнам!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Се нижеа сеќавања: неизмерлив тек. Тече. Навира. Измачува...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А пратеникот навидум човек мирен, но со опасни очи и со јаки вилици, го ниже со поглед. И го остава да размислува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Глигор бргу ја ниже реченицата врз хартијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Крај неа уште веднаш почна да се ниже дебелата перјаница пилотина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но деновите се нижеа сѐ потешки и потешки.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со него секогаш можеше да помине неколку убави часови, да чуе од него нешто интересно, нешто ново можеби, зашто во планината сѐ течеше бавно и спокојно, нови беа само деновите што се нижат, времињата што се менуваат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Девојчето си нижеше во некаква песничка свои зборови, го изразуваше своето убаво расположение.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На овој, како и на бројни други примери, од процесуалното нижење на 92 изложени биографии во првиот долгометражен филм „The falls“, до документарните наоди за животните или за колективниот африкански обред во филмот „ZOO“, стварноста станува интензивен феномен внатре во вештачката претстава.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, веќе приближната анализа ни покажува дека политичката заднина е само изговор за нижење ред типични „хичкоковски” ситуации, меѓу коишто најславна е веројатно онаа со ветерницата што се врти наопаку: јунакот во потрага по злосторничките грабнувачи се снајдува среде идиличен холандски пејзаж со ветерници, и одеднаш забележува дека една од ветерниците се врти во насока спротивна од онаа на ветрот - тој „против-природен” детаљ секако ја денатурира идиличноста на глетката, одеднаш „сѐ станува сомнително”, се испоставува дека вртењето на ветерниците е всушност сигнал на злосторниците...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ги нижам Уморените стапки (во дожди-ден) Се обѕрнувам И зачуден гледам Како таговно ме гледа Продолжена следа Од певливи капки. сенка Го поминав мостот.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Како зборовите да им се нижат во магла низ која не можат баш најјасно да се видат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повеќе