нимфа (ж.)
Гледам како иконата со Божицата, светата мајка, се топи во пламените јазици, заедно со нимфите и шеговитите сатири, како нејзиното прекрасно тело исчезнува во правот на Атлантида, Вавилон, Александрија или на некој друг безимен Град.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Додека ги бодев Нимфите тие убавици на Зевсовите води и шуми во телото на млечниот сок ја сликав маченичката мапа на сивите царства: освојувањето, немирот, јадот...
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Дваесет, триесет метри или повеќе, нимфите, дријадите и летните водоскоци бликнуваа угоре во неодгатливи хиероглифи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тука е и еден збир од митски женски фигури: Амазонки, Нимфи, сибили, шаманки, свештенички и неколку креатури пола жени - пола животни. често направени врз тенки внимателно цепени парчиња хартија, овие откачени и опсесивни дела беа тие коишто први ја создадоа Бојсовата репутација на „визионер во еден разурнат свет“.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кули се претвораат во нимфи, ветерници во Најади.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
На нимфите сенките
на амор морите
вршат околу
судбата- наречјето
блудно дејствие
ведра трагика
околу мене сенките
околу мене морите
наречјата, пророците
- мене пороците.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Можеш ли да му ја поматиш верноста
кон земното, додавајќи знак по знак
откривајќи ги срамните делови
на твојот систем
загадочниот метод
небесниот свод- дом
за да може да оди по истиот пат
и да стига до истата цел
човекот, оној кој над црната точка
стрепи по сличното, од различното стрепи
спојува еден со друг:
еден и еден, два со два, седумдесетидва
името го дели на четири
елементи – I.H.V.H.
тетраграматонот го врти, го враќа
ред по ред реди
вистината на скрбта ја учи
завист и суета, суета и завист
сѐ е бесценет камен, а број
свет и сила
равенката меѓу нив се припикнува
како вода меѓу шуплинките во карпата
како зрак во мрачна капела
бели точки на црна површина
поделена на две:
еднооко човече
дворог Пан
троока нимфа
четириаголен круг
пирамидална петка
црно на црно
расфрлан, разигран
Ум на Светлоста
Умна светлост.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се надевам таа безмалку ќе дојде, таа нимфа на белите жубори, невиност непромислена, возљубена од секого, невиност додадена колку за вкус.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Но, мачната многулисна потрага што го сочинува тој роман – Хамберт Хамбертовиот „подвиг... еднаш засекогаш да ја проникнам погубната чар на нимфичките“ – произлегува токму од опачната природа на привлечноста што раскажувачот ја чувствува кон пубертетликите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)