новоформиран (прид.)
За небото и бескрајот да има место
на мојата Карта, пред овоземските
преобразби отворена:
новоформираното острово на Тихиот Океан
јануари 1986.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Таа доби надлежност да врши преоцена- ревизија, покрај на оние наоди, оцени и мислења на Комисијата за оцена на работната способност со кои е утврдена 94 инвалидност, и на наодите на новоформираната Комисија за задолжи- телен контролен преглед, при што е овластена и да изврши непосреден лекарски преглед на лицето кај кого е утврдена инвалидност, односно неспособност за работа (чл. 4).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во новиот закон се уредува и улогата и функцијата на новоформираниот Совет за безбедност и здравје при работа.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
На тој начин Рузвелт ги поделил „црната“ и „белата“ пропагандна мисија и еден дел од постојано вработените биле испратени во новоформираната Служба за воени информации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Британските политички кругови биле загрижени и поради бугарскиот официјален став за новоформираната македонска држава.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)