носилка (ж.)
Па тоа беше токму тој, ваков спружен врз нивната носилка и безволен за секакво движење, останат на средпат и таму капнат сѐ додека не дошле овие четворица луѓе, што не сакале да го остават таму, на неговата бука; го нашле таму и сега го однесуваа со овие свои тивки, претпазливи чекори, молчеливи и заздишани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Знаеше дека и тие двајца напред го носат својот крај од носилката нарамо, мислеше дека би можел да им ги види само нивните капи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Помисли дека мораат да бидат уште два покуси, на предниот и на задниот дел од носилката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Го однесоа на носилка в град.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тој брзо исече едно парче платно од шаторот што беше повеќе искинат во невремето, пронајде две убави, еднакво цврсти ластегарки, па од платното и од нив направи носилка.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тропаат канти и болнички носилки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се насобрале генералите, тие сѐ уште биле млади, на носилка ќе го качуваат по кулата царот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Пред отворената врата од собата постојано ми се пресенуваат носилки со нови раненици.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не бил сигурен, подоцна само претпоставувал дека непогрешно го сонил она што ќе се случи во новиот ден: најпрвин, по сончевиот изгрев, го нашле, пред тоа, во ноќта, заборавен на носилка исцерителот Пандил Димулев, тој пријател на билје и треви; најверојатно дека безгласно починал од вчерашната рана помеѓу срцето и левата страна на стомакот, а потоа другиот тревар, откако го исплакал својот пријател со солзи што можел да ги пролее и над својата судбина, веќе видливо исушен и потемнет, легнал на неговата носилка и ѝ се предал на болештината, веднаш сите да видат дека се сушат и потемнуваат во лицата, и Самуил Пендуш, и Сандре Самарија, па некој (во неговиот сон, потоа во стварноста) барал да појде гласник по селата крај кои ќе минуваат, умните да оставаат на патот лук и ракија, за нив, и сено за воловите, инаку сами ќе атакуваат и ќе грабаат со темна можност да им ја донесат на домаќините, како гостинка, чумата што уште пред да го закопаат едниот тревар го однела другиот: два гроба еден крај друг, плитки и покриени со тврди грутки, крст до крст со шубари на вертикалниот крак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лесата носилка на водата рамнодушно го носеше кон селото.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Итните случаи ги носеа на носилки како повредени фудбалери.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Мајка, со последни сили, се префрли во носилката. Се најдов во болничката кола.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Раководителот, со вграден рефлектор на челото како рударски инженер, киклопски ја најде соодветната преграда и од картотеката го извлече кофчегот, всушност носилката на Брза помош.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А Бајазит, ќе се појави ли Бајазит макар во својата носилка украсена со пердушки, свилени пердиња и скапи камења?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Имаше многу ранети. Ги носеа на носилки, на ќебиња, на грб. Ги сместија во училиштето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Врвеа папсаните партизани и партизанки, носејќи ги на рамо, на ќебиња и носилки ранетите и заедно со нив врвеа старци и старички, мажи и жени во стасани години, дечиња кои со улав во очите цврсто се држеа за фустаните на своите мајки.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Наместо на носилка и право во болнички кревет, останува настрана покриен со ќебе и чека да го однесат таму од каде никој не се враќа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Истрчаа сестрите и еден болничар и на носилка те внесоа внатре.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
- Ајде, мила - рече една од нив, прва се наведна и се фати за носилката.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од целото преспанско боиште и од другата страна на езерото, па сѐ до кај што држи границата, со џипови и на носилки носат убиени и ранети владини војници.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)