нуркање (ср.)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Нејзиното нуркање во длабочината на претпоставките ја грчеше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Ситница е ова, другар мој. Само едно мало нуркање понадолу.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Имаше и нешто друго што го водеше во тие размислувања, во тие нуркања во далечното минато на Гогов Валог.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Потоа дојдоа двајца археолози кои со направи за подводно нуркање, со скафандери се спуштија во витлите на „бездното“ и повторно не се вратија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Погледите на двајцата им беа потонати еден во друг со чувство на нуркање во топли лековити водје.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)