обезглавен (прид.)
Само виделе при светлоста на огновите некаква крвава крпа од месо и кожа во коњската челуст и го виделе офицерот како се зграпчува за лице сличен на гробник со два профича и се стрчнале обезглавени и ужаснати да се одмаздуваат со истрели и со сабји дури кога Лебед од скок, како да се лизга по невидлив мраз, се изгубил, ги оставил неми и бавни во движењето и му се вратил на овој мрак од кој дошол.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сепак, пределот наоколу е изменет – од мајчината лева страна е правилна редица тополи, како дел од педантно уредена алеја, од десната татковата страна, се расфрлани дрвја и грмушки меѓу густата, висока трева, а во неа, полегнати без ред, испокршени фигури, обезглавени актови без екстремитети, како по битка на гладијатори.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кенефот Весел веќе триипол часа чепкаше по обезглавениот леш во салата за обдукции на компанијата „Фрли па Барај“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Изгледа како час по аеробик за свежо обезглавени кокошки.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И така, се подели светот: на оние со сладост и милност на глувчињата во кафезите на својата глава, заслушани, со широки насмевки на лицето, со шепотни облачиња на усните, и на оние со затворени, згрчени усти, со очи ококорени, обезглавени, исплашени, вџашени.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Поначесто дрварите и овчарите пронаоѓале мрши од кози и од јариња, обезглавени, нагризени или задавени.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сѐ се случува така како што упатуваат древните книги Патеката е со покривка од најлесен пердув Од истата воздушеста материја од која била скроена Некогаш првата облека на Ева Избегав овде за да го заборавам оној друг свет Со брдо кренато за да се измачува Сизиф Со столб издигнат за да го оковат Прометеј Со оној обезглавен труп од Пеколот на Данте Што ја држи за коса сопствената глава И ја носи покрај себе место фенер.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Обично кога заминуваат владетелите, продолжува извесен период да живее нивниот мит, најмногу потхрануван од најверните соработници на владетелот, од инерцијата на претходното владеење На крајот историјата останува последниот арбитар во бездната на меморијата се извишуваат или исчезнуваат засекогаш некогаш моќните гласови Одбраната дружина нови амбасадори во светот, по едногодишните подготовки во Белград, како да беше дел од инерцијата на обезглавената власт по исчезнувањето на маршалот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој зачекори накај мрежата и го протна прстот низ ромбоидно исплетената мрежа и го пипна месото на едно од обезглавените пилиња. Беше вкочането.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Башибозукот претставувал помошна војска на османската армија, главно коњаница составена од нерегуларни и командно обезглавени, разединети и неплатени војници, демобилизирани од армијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Припадниците на башибузукот беа нерегуларни војници, почесто бандити отколку војници, обезглавени, без команда.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)