обуен (прид.)
Само не знаеја децата дали една и иста мравка изнесува повеќе или само едно зрно, бидејќи сите имаа еден „сурат", сите беа облечени во црни алишта и обуени во исти опинци.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
23. АКО ИМАШ ЌЕ ТИ ЗАВИДАТ, АКО НЕМАШ ЌЕ ТЕ КУДАТ - и обуен и бос, значи, ќе нагазнеш врз шилести клинци, биди ваков или онаков сеедно ќе си под тој удар - сѐ на страната обесчестена во тој морален лринцип...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Обете, обуени со едно рало чевли.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ногата ѝ е одмерено поткрената; ѝ светкаат чевлите првпат обуени, ѝ ѕиркаат везените винени чорапи под долгата бела кошула порабена со прекрасни шарби; во раката зафучила везано шамиче со разнобојни пуфки на рабовите.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Мина преку терасата и околу оградата од грумушки трендафили, и тогаш нејзините стапала, обуени во сандали со ремчиња, нежно згазнаа на тврдиот, како килим, тревник помеѓу трендафилите и портокаловите кринови, кои со своите трубички беа отворени кон сонцето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Беше во истиот летен фустан и со истите плитки сандали обуени набосо.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нозете им беа обуени во плитки сандали, но без чорапи.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ни рекоа ќе ги носат по државите, таму, велеа, ќе имаат да јадат, ќе бидат обуени и облечени и ќе учат, велеа... ќе станат, велеа, учени, лекари, даскали големи људје ќе станат, ни велеа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Политичкиот се загледа во неа и во шинелот, спушти поглед на нејзините нозе обуени во големи и извалкани цокули, а потоа ѝ рече: - Дојди поблизу.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- И затоа обуен сум и топло облечен. - Обуен и облечен - просаска Кољо - ама со измама, а не сакаш да знаеш дека сето тоа се само солзи и болка...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)