објективно прил.
објективност ж.

објективно (прил.)

Со тоа ми беше оневозможено објективно осмислување на реалноста и на секојдневието.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Сѐ треба да се каже објективно и непристрасно: Србите се недолжни жртви на „новиот светски поредок“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Димензиите на моментот се сосем различни, така на пример, моментот на создавањето на светот во Библијата трае шест (човечки ли? Божји ли? земни ли?) дена, сосем на ист начин како што објективно не се точни изразите: „еден човечки век“ - кој не трае стотина свртувања на Земјата околу Сонцето; - „уф, колку беше долг денот” - кој не потраја подолго од пропишаните 24 часа и цела низа останати изрази и фразеологизми, сврзани со индивидуалните сфаќања на времето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа недоверба сега можеме да ја поставиме во посоодветен контекст: се работи за недоверба на стариот, субјективно и линеарно мислечки човек, што е свесен за историјата, кон новиот, што доаѓа до израз во алтернативните светови, што не можеме да ги опфатиме со наследените категории, како што се „објективно“ стварно или „симулација“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Неговиот мотив е дека доколку ние мислиме дека јазичните игри секогаш би требало да бидат ограничени од правилата, тоа би значело дека повторно би ја прифатиле идејата на Tractatus-от за фиксирани правила кои лежат во основата на јазикот, или поопшто земено, на еден поим за смислата на изразите кој е објективно детерминиран, независно од употребата која им ја наметнуваат говорниците на јазикот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Разните деконструкциски анализи испишани последниве педесетина година нагласуваат дека не постои објективно, непристрасно стојалиште бидејќи науката е само постапно осознавање дека целокупната човечка мисла, човечкото знаење во целина, носи особен печат и ги пренесува интересите на оние што ја обликуваат. 22 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маргина сѐ уште се соочува со многу субјективни слабости, но, пред сѐ, со една објективно тотално депримирачка ситуација во која се наоѓа македонското издаваштво.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Минатите настани се тврди, објективно не постојат, туку опстојуваат само во пишаните документи и во човековото сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти веруваше дека стварноста е нешто објективно, надворешно, нешто што постои само од себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Токму со него со саати објективно дискутираше за деструктивната моќ на екстремистите од двете страни.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од преголема желба да дознаам што се случило таа ноќ, веќе со ниет еден ден дури и да пишувам за семејната судбина, често инсистирав и прашував за да го дознаам и тоа што можеби и не можело објективно да се знае за патувањето, кое речиси паднало во заборав, па браќата велеа дека претерувам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа не би можел да ви го кажам оти таков засега објективно и не постои.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Објективно и не можеше да се најде никаква поврзаност со службувањата на Фетхи Окјар и некогашното татково службување во француската команда во Подградец.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Покрај можноста за вработување, на невработените лица на кои се однесува овој закон им се дава право, објективно гледано, повеќе формално отколку реално, ако отпочнат со вршење на дејност како трговец поединец, трговско друштво и физичко лице кое врши дејност, да добијат надоместување на средствата за придонесите на плата и на другите средства предвидени со овој закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Бидејќи невработените лица и при најдобра волја не секогаш би биле во можност во роковите утврдени со ЗВОСН да се пријавуваат на објавените огласи и да достават доказ дека така постапувале, објективно, со одредбите на Законот од 1997 и со измените од март 2000 година од невработените лица се бараше нереално преголем ангажман за решавање на својот проблем со невработеноста.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во поглед на работната атмосфера во оваа установа, за период кога беше директор – Зефиќ оправдано смета дека не може објективно да ја анализира ситуацијата од перспектива на останатите вработени, бидејќи таа ним им беше „надредена“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А тој, имено, лежи во тоа што ова објективно важечко право, воопшто не е создадено да ги реши или олесни проблемите на сиромашните и економски зависни работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)