огласи (св.)
Се изви по прашниот пат надолу нејзината колона, песна се огласи по полето и долго низ зелените перки на пченките светкаа белите шамии на бригадирките, а високо на синото небо се оцртуваа лопати и копачи. Малиот водоносец остана сам на празната полјанка пред логорот.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Служителот не се огласи. Тоа ме разбесни и јас затропав уште посилно, сега веќе само со нозе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Напролет, предвечер, ќе свирнам со кавал, слушам славеј ќе се огласи, ќе свирнам пак - тој одново ќе се огласи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Марија, ја викнав. Не се огласи, Марија, Алјаска ја споменав, но не ти кажав за неа, за истражувачите и ловците со кои се сретнав во своето детство.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пролета птица (лештерка, клукалец, кос?), се огласи сојка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ноќе, го викаат, не е за арно. Сепак, се огласува. Кој си? Што сакаш? И сѐ така, како што е ред на село.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Претпазливо и тихо се огласи работникот што го направи бакарданикот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Уште повесело ги занишаа главите цветчињата, уште порадосно и весело се огласи Штурчовата виолина.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Сам се огласуваше, да ги стопли истинатите души... Кавалот...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Од дрвјето се огласија птички. Ѕвонливо. Трепетно. Слободно. Птички. Мали. Безгрижни. Пеат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Султано? - ѝ рече тој на жена му. - Повели, мажу, - се огласи таа.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Што е, синко! - се огласи мајка му од куќата. - Дај ми го торбичето со леб!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Утрото тој пак се огласи со еден истрел, но очекуваниот одговор од зад Гола Глава не дојде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Потоа одеднаш се крена и лаеж, отпрво несигурно, како да кучето што се огласи, уште не беше сигурно дали има причина да лае или не.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но веднаш потоа избувна оптегнат лаеж на друго куче, а со него пак се повтори и му се прилепи дебелото, татнежливо лаење на кучето што прво се огласи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во тоа време кога Бандо и жена му ги сонуваа овие соништа, војската крстосуваше низ селото: одеа на фронт, се враќаа, пренесуваа раненици, довлечуваа оружје; се слушаше далечно пукање на топови; луѓето се качуваа на планината, одеа со чунови по езерото да чујат што подобро, се будеа ноќе кога пукотите на топовите ќе се огласеа поблиску, и со нетрпение чекаа да се пробие веќе еднаш фронтот, да дојдат сојузничките војски од Грција, да им дојде крај на овие исчекувања и маки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Камбаната одеднаш молкна како прекината со куршум; во тишината се огласуваа само петлите, добитокот и шумот на езерото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Згаснале ѕвоната што огласуваа молитви над покривите.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Кога се врати од војска, по три години, не поседе в град ни три недели, туку еднаш, во делник, сред лето, во време жетва, неочекуван од никого достаса во Потковицата; првин бил дома си, се видел и се избакнал со деда си Блажета, потоа собрал фотографии од сите домашни, и - се огласи од Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во дворот Јанчески дотрчаа жителите на Потковицата и никој, освен Турците, не веруваше во приказната што лелекајќи низ дворот ја огласуваа Јанческите: Руса нивна во визбата, на некоја шајка, си го огрубела лицето, за малку и виделото ќе си го осакатела, но и никој не ја оспори гласно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)